Изложба на Христијан Томаноски „Издигнување“ во Охрид

October 24, 2023
1 min read

На 25 октомври, среда, во 19 часот во изложбениот салон на НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде отворена изложба на Христијан Томаноски во Охрид, организирана во соработка со Центарот за култура Струга, а поддржана од Министерство за култура.

„Издигнување“ е инспирација од стиховите од воведните песни на збирката на Ш. Бодлер „Цвеќињата на злото“. Низ неколку дела проткаени се и други стихови од повеќе автори, поврзувајќи и надополнувајќи ги делата со цел проширување на просторот на самите дела. Комбинирањето на повеќе стилови и техники во творењето на дигитални и традиционални скици, илустрации и дизајни ми помогнаа да ја поставам основата за креирањето на визуелниот јазик на оваа изложба. Сега целта, е еден кохерентен јазик на комбинирање на едноставноста и експерименталноста на графиката изразена преку илустративен пристап, вели авторот.

Христијан Томаноски, роден 1985 г. во Струга. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек графика со насока графички дизајн. Работел како едукатор за визуелни уметности и дизајн. Се занимава со графички дизајн, илустрација. Еден од основачите на здружението за култура ИНКА. Работел на сценографијата на СВП, и како дел од тимот за продукција на фестивалот. Од 2018 година работи како соработник за визуелни уметности во НУЦК „Браќа Миладиновци“ Струга. Ова е негова трета самостојна изложба, а учествувал на повеќе групни изложби и ликовни колонии.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО од безбедносните камери од пукањето во „Ист Гејт Мол“

Следно

Алиу со ист став како Таравари дека ДУИ треба да направи „update”, Османи со одговор

Latest from Blog

Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Би-Би-Си јави дека пукањето се случило околу 13:20 часот по локално време. Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за
Go toTop