Изложба на фотографии „Вевчански бајки и кошмари“ на Александрос Вретакос

November 11, 2023
1 min read

Изложба на фотографии „Вевчански бајки и кошмари“ од Александрос Вретакос вечер ќе биде отворена во Галеријата „Рудиќ“.

Александрос Вретакос  е грчки фотограф од Кожани, кој го снима карневалот во Вевчани во последните осум години.

– Барајќи на интернет пред осум години интересни фото дестинации на Балканот со карневалска тема, наидов на селото Вевчани. Оттогаш, секоја година го фотографирам континуирано. Од првата година ги запознав нејзините жители и со некои од нив станавме одлични пријатели. Бев многу импресиониран од гостопримството на жителите, и од нивната приемчивост и отворени врати насекаде, изјави Вретакос.

Според него, карневалот, кој се одржува секоја година во средината на јануари, ја покажува големата љубов на мештаните кон нивното село.

-Како и оправдана гордост што „модерните години“ не успеале да ги променат и да ги оттргнат од корените. Тоа е место кое се спротивставува на промените бидејќи е самодоволно. Голема предност за нашето време. Од првиот ден бев импресиониран од масовното учество на жителите на нивниот традиционален карневал. Традицијата вели дека мора да направат свои маски кои ќе ги запалат на крајот на карневалот и ќе се ослободат од своите улоги, појасни Вретакос.

Фото: Александрос Вретакос

Александрос Вретакос почнал интензивно да се занимава со фотографија за време на студиите во Нови Сад, како член, во тоа време, на еден од најзначајните југословенски фото-клубови „Бранко Бајиќ“. Таа југословенска школа на фотографија, како што се наведува, сè уште се отсликува на неговите фотографии. Неговата фотографија се карактеризира со различни теми и техники што ги користи. Во повеќето негови проекти се открива надреалистичко расположение.

Вретакос имал 60 самостојни изложби и три последователни учества со изложби на Фото биеналето во Музејот на фотографија во Солун.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ал Каила: „По ѓаволите со меѓународната заедница која не може да ја запре машинеријата што убива болни и ранети“

Следно

Мицкоски е убеден дека по следните избори ДУИ ќе заврши во опозиција

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop