Излезните анкети во Грција покажуваат убедлива предност од над 20 отсто на Нова демократија во однос на Сириза

June 25, 2023
1 min read

Според анкетите, ПАСОК е на третата позиција, а можен е и влез во парламентот на нови партии меѓу кои и една поддржана од осуден поранешен член на Златна зора

Убедлива победа на Нова демократија со разлика од над 20 отсто во однос Сириза, покажуваат резултатите од објавените излезни анкети, односно процените за изборниот резултат на парламентарните избори во Грција од агенциите за рејтинг во соработка со грчките телевизии.

Според анкетите, ПАСОК е на третата позиција, а можен е и влез во парламентот на нови партии меѓу кои и една поддржана од осуден поранешен член на Златна зора.

Приватните телевизии Мега, Скај, Стар, Антена, Алфа и Опен и државната ЕРТ, веднаш по затворањето на гласачките места, точно во 19 часот по локално време, објавија заеднички излезни анкети во соработка со агенциите за рејтинг.

Резултатите од 80 отсто преброени излезни анкети на приватните телевизии се дека секоја од партиите би добила:

  • Нова демократија од 40 до 44 отсто
  • Сириза од 16,1 до 19,1 отсто
  • ПАСОК од 10 до 13 отсто
  • Комунистичка партија на Грција од 7,2 до 9,2 отсто
  • Спартанци од 4 до 6 отсто
  • Грчко решение од 2,3 до 4,3 отсто
  • Победа од 2,3 до 4,3 отсто
  • Курс на слободата од 2 до 4 проценти
  • МЕРА25 од 2 до 4 проценти

За една партија да обезбеди влез во парламентот потребно е да добие минимум три отсто од гласовите.

Доколку се потврдат прогнозите, тоа би значело дека Нова демократија ќе формира еднопартиска Влада, а во парламентот би можело да влезат три нови партии: Курс на слободата на поранешната претседателка на парламентот од редовите на Сириза, Зои Константопулу, десничарската Победа од Солун и радикалната десница Спартанци, поддржана од осудениот поранешен пратеник од Златна зора Илиас Касидиарис.

Првите официјални резултати од Министерството за внатрешни работи на Грција, кое што е и надлежно за пребројување на гласовите, се очекуваат околу 20.30 часот по грчко време.

Во Грција денеска се одржаа парламентарни избори, втори по ред во последните пет недели.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ал Хилал му нуди 40 милиони евра на Алегри

Следно

По преброени 53 отсто од гласовите: Нова демокартија убедлив победник на изборите во Грција

Latest from Blog

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина

Хоџа: Продолжуваме со силни инвестиции во Арачиново

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, и градоначалникот на Арачиново, Даут Беќири, на денешната работна средба го потврдија напредокот на клучните инфраструктурни проекти во општината. Во моментов се активни

Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска за судија на Уставниот суд

Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска, судија на Апелацискиот суд, за судија на Уставниот суд. На денешната седница 10 члена на Судскиот совет гласаа „за“, еден беше против, а судијката Антоанета Димовска
Go toTop