Изгубени во терминологијата

August 31, 2023
1 min read

Подвигот што треба да го направат западните инструктори и украинските војници е во рок од 6 недели војник без искуство да го претвориш во војник кој може да управува со тенк на фронтот во Украина.

Според еден од највисоките офицери задолжен за обуката, број еден проблем кој им се јавил се преведувачи, кои дури и кога ги има „често пати имаат проблем со неопходниот вокабулар“.

„Главен проблем е превод на зборови што се користат во воен или технички контекст… зборови кои никој не ги употребува во секојдневен живот,“ објаснува холандскиот бригаден генерал Мартин Бон кој е втор човек на ЕУ мисијата за обука на украинската војска.

Иако обучувачите немаат збор за мотивацијата на украинските војници, тие сепак се со забелешка за возраста и способноста на војниците, која „страшно варира“. Според Фајненшл тајмс еден од волонтерите кој се појавил во Германија бил 71-годишен.

Во Данска, каде што се врши обуката на пилотите за Ф-16, излегол проблем со безбедносното одобрение на украинските кандидати, а нивните јазични способности и проверката на здравствената состојба дополнително ја задржуваат целата операција.

Една од поплаките што ја пренесува ФТ е од германските инструктори кои раскажуваат дека повремено имаат недоразбирање со постарите украински команданти обучени во советски времиња кои некога „мислат дека тие знаат подобро.“ Од една страна западните војски добија сериозно искуство од војните кои со години се водеа во Авганистан и Ирак, од друга страна, ниту една од овие војни не беше ни приближно пеколна како онаа што се води во Украина, каде има отворен фронтовски судир меѓу две конвенционални армии.

ИЗВОР: off.net.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Концерт на Крсте Роџевски во Народниот театар во Битола

Следно

Започна реставрацијата на џамијата „Коџа Кади Ахмед Ефенди“ во Битола

Latest from Blog

Продолжува јавната дебата за плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола

Општина Битола денеска го одржа вториот граѓански форум посветен на уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“, на кој беа презентирани повеќе предлог-идеи за неговата иднина и можното ново обликување на просторот. На форумот

Морничава порака од Израел: “НА АМЕРИКА ТРЕБА ДА И СЕ СЛУЧИ НОВ 11. СЕПТЕМВРИ…“

Израелскиот аналитичар за одбрана, Бени Сабти, изјави дека САД можеби ќе мора да претрпат уште еден голем напад за да ја вратат поддршката за Израел. Сабти, експерт за Иран во израелскиот Институт

Стентон Градба успешно го реализираше индустрискиот капацитет на Brainchild

Новиот производствен објект на компанијата Brainchild во ТИРЗ Жабени – Битола е завршен и ставен во функција, а изведбата на проектот ја реализираше градежната компанија Стентон Градба, која уште еднаш го потврди
Go toTop