Изгореа хемикалии во пожарот во тетовско Фалише, препорака од надлежните да не се излегува од дома

November 22, 2023
1 min read

реклама


Во пожарот во магацинот на фирмата Евроком кај тетовско Фалише изгореа  бои и лакови и друг вид хемикалии, па надлежните препорачаа да се ограничи движењето во тој дел од Тетово, граѓаните да останат дома и со затворени прозорци. Според стручните лица согорувањето на вакви материјали создава отровни и штетни гасови во воздухот.

-Во моментов имаме јаглен моноксид, јаглен диоксид, пожарникарите се изложени. Диоксини и фурани се опасни материи, штетни материи. Наша препорака е без потреба да не се биде на ова мести и во радиус  од два километри луѓето да бидат дома и да не излегува население. Потоа ќе се испита водата и почвата, изјави д-р Ратко Давидовски од Центар за јавно здравје чија екипа беше на местото на пожарот.

реклама

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов рече дека побарал помош од Армијата за да се испита што побрзо колку е загадувањето поради пожарот на големите колични хемиски материи.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека се преземени повеќе координативни активности од страна на нивниот директор Стојанче Ангелов за да се помогне во гаснење на пожарот во магац

-Се работи за голема количина на бои и лакови, и други хемикалии, зборував со сопственикот и се работи за голема количина можеби и 100 тона, не можат да утврдат колку точно колку средства имало во моментот. Од Министерството за животна средина побарав мобилна станица за мерење на загаден воздух, но немаат таква опрема. Стапивме во контакт и со Армијата од одделот за биолошко и хемиско оружје кои минатиопт пат кога имаше голем пожар ги искористивме за испитување на постоење на отрови во воздухот, изјави Ангелов.

реклама

Командирот на тетовската пожарна Авни Амети информираше дека спречено е пожарот да се прошири на друг објект во близината на магацинот, огнот е веќе ставен под контрола.

-Спасена е куќата позади, пожарникари од цела држава дојдоа да помогнат. Опасност од проширување нема, огнот е ставен по контрола, прашање е време кога ќе се изгасне целосно, изјави Авни Амети.

реклама

Пожарот во магацинот на фирмата започна утринава околу 10 часот.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Земјотрес со интензитет од 6,7 степени ја потресе Вануату

Следно

Петар Маркоски го освојува светот: Ја имав честа да бидам најавен како единствениот македонски музичар кој настапил пред Папата Франциск

Latest from Blog

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop