Изгоре осумкатница во Измир, пожарот ставен под контрола

April 28, 2023
1 min read

ИЗМИР (АА)

Пожарот избувна во една осумкатница во местото Нарлидере во областа Измир. По осумчасовна борба со огнот, пожарот е ставен под контрола. Се истражува причината за избувнување на пожарот, известува Анадолу.

Во 22 часот по локално време, пожар избувна во осумкатна зграда во квартот Јенимахале. Противпожарните екипи, екипите на Регионалната управа за шумарство и на обласната полициска станица со прскалки од земја и со противпожарен хеликоптер од воздух го гаснеа распламтениот оган.

Пожарот е ставен под контрола по околу 8 часа. Екипите продолжуваат да работат на ладење на објектот.

Екипите на Итната медицинска помош однесоа во болница едно лице погодено од чадот, а лекувањето на други пет лица повредени е извршено во амбуланта.

Се дознава дека лицето што е пренесено во болница не е во животна опасност.

Пожарникарите при гаснењето на пожарот спасиле мачка и куче заробени во зградата.

– Становите се во неупотреблива состојба

Јавниот обвинител и началникот на полицијата на Нарлидере, Саваш Шимшек, ја истражи зградата во која пожарникарите продолжуваат да работат на ладење на објектот со прскање вода меѓу катовите и внатре во становите.

Полициските истражни екипи вршат увид за утврдување на причините за избувнување на пожарот.

По пожарот, осумкатницата е тешко оштетена, а становите се неупотребливи.

Од друга страна, додека станарите љубопитно ги следат активностите, загрижени за состојбата на нивните домови, некои од нив не можеа да ги задржат солзите.

– За пожарот

Синоќа околу 22 часот по локално време избувна пожар во осумкатна зграда во квартот Јеникале во местото Нарлидере. По пријавата за пожар, на самото место се упатени противпожарни екипи, екипи на Регионалната управа за шумарство и на обласната полициска станица, како и на Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) и на Националниот медицински спасувачки тим (НМСТ).

Од зградата во која одвреме-навреме се слушале експлозии, станарите што се наоѓале во неа биле евакуирани од спасувачките и противпожарните екипи.

Главното јавно обвинителство на Измир започна истрага во врска со пожарот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бугарски медиуми: Убиен македонски државјанин со кол во Сончев Брег, осомничен е 14-годишник

Следно

Доколку дојде до неисполнување на проектот за модерно Скопје, товарот нема да е кај мене, вели Арсовска

Latest from Blog

Омерагиќ најавува предлог за нов селектор до 25 декември

Како Комисија за избор на нов селектор на македонската А репрезентација, денеска имавме конструктивен состанок, изјави Масар Омерагиќ, претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). На состанокот беа разменети размислувања за профилот

ВИДЕО: Обновен и модернизиран легендарниот воз „Шпанец“

Директор за влеча и одржување на возните средства и член на Управен одбор на „Македонски железници-Транспорт“ Игор Коруновски објави видео од тест возењето на целосно обновениот и модернизиран легендарен воз “Шпанец”. -Легендарниот

Франција БЛОКИРАШЕ ДВЕ ПОГЛАВЈА во преговорите на Црна Гора со ЕУ

Франција го блокираше затворањето на две поглавја во преговорите за пристапување на Црна Гора со Европската Унија, но се очекува Подгорица сепак да затвори три поглавја следната недела, потврдија дипломатски извори по

Мората се повреди, следува пауза од два месеци

фото: Como1907 (X) Шпанскиот напаѓач Алваро Мората претрпе сериозна повреда на мускулот поради која се очекува да отсуствува околу два месеци. Комо ја потврди веста денеска. Според официјалното соопштение од клубот, прегледите
Go toTop