Изет Меџити: Сите опции се на маса, меѓу кои и формирање ново политичко движење

July 3, 2023
2 mins read

Според него, целиот избор на вантрепартиски избори, кои вчера ги спроведе Демократската унија за интеграција, е нестатутарен и организиран под диктат. Еден член, еден глас, не постои во Статутот на партијата, додава Меџити

Сите опции се на маса, меѓу кои и формирањето ново политичко движење, вели во изјава за „360 степени“ Изет Меџити од „огнената група“ на ДУИ.

Според него, целиот избор на вантрепартиски избори, кои вчера ги спроведе Демократската унија за интеграција, е нестатутарен и организиран под диктат. Еден член, еден глас, не постои во Статутот на партијата, додава Меџити.

„Првично, целиов овој процес на внатрепартиски избори е нестатутарен и организиран под диктат. Следствено, како-таков беше крајно исклучувачки кон членовите кои беа основачи на ДУИ и 20 години беа активни и заслужни за победите на ДУИ само затоа што го поддржуваат различното мислење, односно затоа што беа против Артан Груби“,

оценува Меџити, кој е поранешен градоначалник на Чаир и поранешен висок функционер во ДУИ, а во последниве години еден од лидерите на фракцијата која пред сè бара Али Ахмети да го отстрани Артан Груби од врвот на партијата.

На нашето прашање кои се чекорите што во иднина ќе ги преземат членовите на фракцијата на ДУИ и дали можеби меѓу нив е и формирање нова партија, Меџите вели дека сите опции се на маса.

„Со ваквиот начин на организирање внатрепартиски избори, кои подразбираат и формално наше исклучување од партијата, веќе се исцрпени сите можни опции за функционирање внатре во партијата и вистина е дека искреното членство кое нè поддржува и кое е во огромен број бара рефлектирање и дејствување, при што сите опции се на маса, меѓу кои и формирање ново политичко движење“,

посочува Меџити.

Владејачката ДУИ вчера спроведе внатрепартиски избори на кои избра претседатели на 14 ограноци. Избраните имиња ги соопшти лично претседателот на партијата, Али Ахмети.

За нов претседател на огранокот на ДУИ во Чаир, на местото на Изет Меџити, беше избран Беким Незири, поранешен министер, директор на ПИОМ, а сега бизнисмен.

Во деновите пред внатрепартиските избори, од „огнената група“ ставија јасно до знаење дека го сметаат процесот за избор на 14 претседатели за фарса. Поради тоа, велеа и дека нема да учествуваат во него, за да не го збунат гласачкото тело.

„Огнената група“ подолг период бараше смена на првиот вицепремиер Артан Груби, но и на други други функционери на ДУИ од партиските органи и од извршната власт поради нереализирање на партиската програма.

Барањата на „огнената група“ не наидоа на поддршка од страна лидерот на ДУИ Али Ахмети што беше повод и едните и другите да почнат со интензивни средби со членството и симпатизерите на ДУИ.

Изет Меџити пред три недели обвини дека Ахмети свикал таен состанок на кој се дискутирало за бркање на „огнените“, а малкумина се спротивставиле на таквата идеја. Како што рече тој во интервју за весникот „Лајм“, ДУИ одржала состанок на Централното претседателство на кој, од 33 члена, учествувале седум члена на Централното претседателство и два члена на Генералниот совет. На состанокот не биле поканети членовите на фракцијата на ДУИ, а се дискутирало за нивно бркање од партијата.

Тој во интервјуто оцени дека сите кадри кои го поддржувале различното мислење и се дел од фракцијата, биле разрешени и политички диференцирани како во 80-тите во комунистички стил, „додека овие дејствија во јавноста се обидуваат да ги релативизираат со тоа дека овие позиции припаѓаат на Алијанса за Албанците, но граѓаните ги читаат овие игри“.

„Огнената група“ од ДУИ на 1 април годинава и официјално објави дека ќе дејствува како фракција во партијата обвинувајќи дека актуелните министри во владата од ДУИ ја узурпирале партијата со своите одлуки.

По ова, лидерот на ДУИ, Ахмети, им возврати дека фракции според Статутот не се дозволени.

„ДУИ е партија која почитува вредности и почитува демократија. Се разбира, го почитува и размислувањето против. Што се однесува до фракционерството, јас имав таков предлог, имам дадено на партиски конгрес, меѓутоа изгубив на гласање од мнозинството и јас како демократ почитувам став на мнозинството и не ги напуштам институциите. Согласно тие одлуки на конгресот и Статутот на партијата, во ДУИ не се дозволува функционирање во фракции. Треба да се почека до следниот конгрес, јас ќе бидам тој што ќе поддржам еден таков став за фракционерско дејствување“,

рече Ахмети.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ЕУ се цареви за идеи

Следно

Русија тврди дека спречила заговор на Украина за атентат на челникот на Крим назначен од Москва

Latest from Blog

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,

Алкараз со дабл учинок: МУ ГО ЗЕМА НА СИНЕР И ЛИДЕРСТВОТО И ДЕВОЈКАТА… Битката продолжува

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз има нова девојка. Станува збор за моделот Брукс Надер кој во последно време е тема на светските медиуми – сега знаеме зошто… Други вести ја потврдуваат првата: Брукс
Go toTop