Изет Меџити го повика Бујар Османи на јавна дебата за локалните избори во Чаир

September 6, 2025
1 min read

Првиот заменик претседател на Владата, министер за животна средина и просторно планирање и кандидат на ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити денеска во изјава за медиумите одговарајќи на новинарско прашање нагласи дека Бујар Османи се кандидира за градоначалник и не треба да го повикува на дебата премиерот Христијан Мицкоски.

“Мислам дека самиот г-дин Османи знае дека лаже. И поради таа причина, го поканувам јавно да се соочиме каде сака тој, на која било телевизија и кога сака, нека избере тој, да го даде одговорот за Вулин и да го кажеме сето она што ние го знаеме за него. Јас го поканувам и за да го разјасниме прашањето за Вулин пред јавноста и сите прашања што се отворени од времето на Груевски. Колку што знам, Бујар се кандидира за градоначалник и не држи тоа дека тој треба да дебатира со Мицкоски, кој е премиер. Кога Бујар ќе се кандидира за премиер, може да повика на дебата и дуел со Мицкоски. Сега излезе за Чаир и нека одлучи каде и кога сака да ги разјасниме сите дилеми, рече Меџити по презентацијата на Проектот за субвенционирање на 200 електрични возила за таксистите.

Меџити го повтори повикот Османи да одлучи кога и каде сака пред граѓаните да дебатираат за тоа што е направено, што ќе се направи и за што ќе бараат гласови за градоначалнички мандат во Чаир.

“Во овој случај, зборуваме за локални избори, за локални теми, за локални проблеми и локални решенија. Го поканувам да излеземе и да дебатирате за овие теми пред граѓаните, да презентираме што сме направиле за Чаир во минатото, што правиме сега за Чаир и зошто бараме гласови за следните четири години за Чаир, нагласи Меџити.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Србија набави 11 хуманоидни роботи за помош на децата со попреченост во училиштата

Следно

Квалификации за СП 2026: Англија и Португалија со очекувани победи (ВИДЕО)

Latest from Blog

Божиновска и ММФ разговараа за стабилноста на цените на горивата и енергетската независност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводени од шефот на мисијата во земјава, Ник Гигинеишвили. На состанокот се

Тендерска постапка за изградба на гасовод меѓу Македонија и Србија

Номагас, акционерско друштво во државна сопственост за пренос на природен гас, наскоро ќе отвори тендер за избор на проектант и изведувач на интерконективниот гасовод меѓу Македонија и Србија. Овој проект е дел

Се појавија делови од мировниот план за Иран во 15 точки

Пакистанските функционери, исто така, се осврнаа на содржината на предлогот, велејќи дека тој ги вклучува следните точки: • Олеснување на санкциите • Соработка во цивилната нуклеарна енергија • Враќање на нуклеарната програма

Се појавија делови од мировниот план за Иран во 15 точки

Пакистанските функционери, исто така, се осврнаа на содржината на предлогот, велејќи дека тој ги вклучува следните точки: • Олеснување на санкциите • Соработка во цивилната нуклеарна енергија • Враќање на нуклеарната програма
Go toTop