Избрана е 44. Влада на Црна Гора, нов премиер е Милојко Спајиќ

October 31, 2023
1 min read

ПОДГОРИЦА (АА) – Пратениците на парламентарното мнозинство рано утринава гласаа за 44. Влада на Црна Гора, на чело со премиерот Милојко Спајиќ, по речиси осум часа дискусија, јавува Анадолу.

Изборот на новата Влада го поддржаа 46 пратеници од мнозинството, 19 беа против, а еден воздржан.

Новата Влада ќе има пет потпретседатели, од кои двајца ресорни и 17 министри.

За вицепремиер за безбедност, внатрешна политика, европски и надворешни работи е избран Алекса Бечиќ од демократите, а за потпретседател за политички систем, правда и антикорупција Момо Копривица, исто така, од редовите на демократите.

За вицепремиер за труд, образование, здравство и социјала е избран Срѓан Павиќевиќ од Цивис, Ник Ѓељошај од Албанска алтернатива e министер за економска политика и економски развој, а Драгослав Шќекиќ од СНП министер за демографија и млади и за спорт и млади.

Филип Ивановиќ од Движењето Европа сега (ПЕС) е нов министер за надворешни работи, Филип Радуловиќ (ПЕС) за сообраќај и поморство, Јанко Одовиќ (ПЕС) за просторно планирање, урбанизам и државен имот, а Маида Горчевиќ (ПЕС) за европски прашања.

За министер за финансии е избран Новица Вуковиќ (ПЕС), Анѓела Јакшиќ Стојановиќ за министерка за образование, наука и иновации, Андреј Миловиќ за министер за правда (ПЕС), а Наида Нишиќ (ПЕС) за министерка за труд и социјална грижа.

За министер за здравство е избран Воислав Шимун (ПЕС), за министер за енергетика и рударство Саша Мујовиќ (ПЕС), за министер за внатрешни работи Данило Сарановиќ (демократи), а за министер за одбрана Драган Краповиќ (демократи).

Владимир Мартиновиќ (демократи) е избран за министер за туризам, екологија, одржлив развој и развој на северот, Тамара Вујовиќ (демократи) за министерка за култура и медиуми, а Владимир Јоковиќ (СНП) за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

За министер за јавна управа е избран Мараш Дукај од Албанска алтернатива, а Фатмир Џека од албанската коалиција за министер за човекови и малцински права.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ: Македонците се наши браќа, што и да побараат секогаш сме тука за нив

Следно

Во утринските израелски напади врз Газа загинаа 55 Палестинци

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop