Избори во Русија, Путин останува старо-нов претседател следните шест години

March 18, 2024
1 min read

Старо-новиот претседател Владимир Путин ја слави изборната победа со којашто успеа да си обезбеди уште еден шестгодишен мандат за лидерската позиција на државата, но неговото победничко обраќање ја заинтригира јавноста откако за прв пат го изговори името на сега веќе починатиот опозиционер Алексеј Навални  кој почина во арктичкиот затвор минатиот месец.

Путин потврди дека имало план Навални да биде разменет за други затвореници. На претседателските избори во Русија имаше симболично уште тројца други кандидати кои пак за време на предизборната кампања ниту еднаш не го критикуваа досегашниот претседател, а даваа и поддршка за руската инвазија во Украина. 

Путин според прелиминарните резултати, освоил околу 87 отсто од гласовите и обезбеди нов шестгодишен мандат на чело на државата. Руската изборна комисија  ја поздрави „рекордната “ победа на Путин оценувајќи дека тоа е доказ за национално единство во светлината на неговиот напад врз Украина, и покрај репресијата на опозицијата. 

– Тоа е рекорден показател. Речиси 76 милиони“ гласови. Путин доби 87,29 отсто од гласовите, од 99,76 отсто преброени гласови.

Според Европската Унија, гласањето не било ниту праведно ниту слободно, во процесот не постоела вистинска опозиција, а не биле  вклучени  ниту меѓународни набљудувачи. Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, рече дека изборите не биле слободни и фер и се базирани на репресија и заплашување. Кина пак му честиташе на Путин за неговата победа, истакнувајќи ги стратешките врски меѓу двете земји.

Лидерите на Северна Кореја, Хондурас, Никарагва и Венецуела, исто така, објавија пораки за славење на победата на Путин. Политичарот којшто владее со Кремљ повеќе од две децении  постигна резултат за 10 процентни поени подобар од 2018 и  со петтиот мандат, Путин станува лидер со најдолг стаж по Јосиф Сталин. Официјалните резултати ќе бидат објавени во четврток.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД ги ставија Катица Јанева и Стевчо Јакимовски на црната листа

Следно

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за непотизам при вработувања во охридската општина

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop