Ивановски: Мора да има промени во ЈО, непроцесуираните кривични пријави значат дека ние залудно работиме

October 15, 2025
1 min read

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 истакна дека не сака да ја генерализира соработката со Јавното обвинителство бидејќи некогаш наидуваат на добра, додека пак некогаш на лоша соработка.

„Сепак би тргнал од една друга точка, ние водиме предистражна постапка, поднесуваме кривични пријави, врз основа на тие кривични пријави треба да биде донесена јавно-обвинителска одлука и тие да бидат процесуирани, односно процесуираните кривични пријави треба да дојдат до правосилна судска пресуда“, вели Ивановски.

Како што вели, во овој период од 14 месеци се работи за многу малку процесуирани кривични пријави и за многу малку подигнати обвиненија.

„Мора да има промени во јавното обвинителство, непроцесуираните кривични пријави значат дека ние едноставно залудно сме работеле“, порача Ивановски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Албанската опозиција поднесе барање за разрешување на претседателот Бајрам Бегај, СП ги негира обвинувањата

Следно

Ferrari ќе лансира 20 нови модели во наредните 5 години

Latest from Blog

Дубаи од туристички рај се претвори во град на духови

По серијата ирански ракетни и беспилотни летала напади, илјадници странски работници, туристи и инфлуенсери го напуштија Дубаи, додека плажите, хотелите и рестораните се речиси празни, објави Дневно. Дубаи со децении е симбол

Андоновска: Функциите претставуваат одговорност и патриотизам, се случуваат кадровски освежувања

Минатиот месец, Марија Андоновска беше реизбрана за член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Си постави задача да работи посветено, одговорно, да се работи на градење на држава и институции кои ќе им

Tрендафилов: Иако протестите беа организирани на претходната влада, новата го одби предлогот

Минималната плата од 600 евра е реална потреба на работниците и произлегува од вредноста на синдикалната кошница, изјави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов во дебатата „Топ Тема“.
Go toTop