Иванов: Македонија интензивно комуницира со својот стратешки партнер, САД, и е во постојан контакт со лидерите на ЕУ

February 27, 2025
2 mins read

Во своето вчерашно гостување во емисијата „24 анализа” на телевизија 24, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Душко Иванов на прецизен начин ги изложи своите ставови и погледи на актуелната политичка ситуација, посебно на тоа што Македонија е ко-спонзор на американската резолуција за помош на Украина. Иванов нагласи дека оваа одлука е од стратешка важност за земјата. Тој нагласи дека Македонија активно ја води својата надворешна политика, при што се фокусира на засилување на соработката со САД и интензивни консултации со лидерите на Европската унија. Според него, оваа политика е јасно видлива и ја води премиерот Христијан Мицкоски, кој активно ги продлабочува дипломатските односи со клучните меѓународни партнери.

-Мислам дека во изјавите на премиерот од денес, сите сме свесни и видовме дека личната проценка во надворешната политика, личната проценка на премиерот нема да ја има. Стратегијата мора да постои, од тоа што го слушнавме и што го знаеме во ВМРО-ДПМНЕ. Стратегијата е видлива за сите нас и сведочиме за интензивната надворешна политика што се води од страна на Република Македонија, предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Сведоци сме дека Македонија интензивно комуницира со својот стратешки партнер, САД, и е во постојан контакт со лидерите на ЕУ, дополни Иванов.

Иванов објасни дека стратегијата зад гласањето беше целосно образложена, нагласувајќи дека Македонија ја поддржа резолуцијата и е ко-спонзор на американската иницијатива. Според него, оваа резолуција беше единствено усвоена од Советот за безбедност, што ја прави апликативна и значајна за македонската надворешна политика.

-Во светот сите сме сведоци дека се случува ново нормално што е нормално за Република Македонија и стратегијата е дека секогаш Република Македонија ќе биде во тесна корелација и врски со стратешкиот партнер САД и со ЕУ, истакна Иванов, додавајќи го прашањето: „Зошто тогаш не гласавте за таа резолуција?“

Иванов нагласи дека во контекст на стратешкото партнерство со САД, биле поднесени амандмани, од кои е усвоен еден, што резултирало со донесување на заеднички став. Тој објасни дека, иако ВМРО-ДПМНЕ се воздржала при гласањето, амандманот што бил поднесен и прифатен имал значајна улога во процесот.

-Во корелација со стратешкиот партнер, биле поднесени амандмани, прифаќањето на еден од амандманите доведе до донесување на заеднички став. Ние се воздржавме при гласањето, но амандманот што беше поднесен и усвоен беше значаен за целиот процес. Ние сме независна и суверена земја. ВМРО-ДПМНЕ ја доби довербата од граѓаните на последните избори врз основа на сопствената програма и водената надворешна политика, додаде Иванов.

Иванов потсети на минатото, кога при прифаќањето на предлози за преговарачка рамка, транспарентноста во процесот на преговори беше крајно ограничена, а македонските граѓани беа минимално информирани. Во контекст на актуелните настани, тој се осврна на изјавата на Кузеска, која побара одговорност и отчетност по посетата на премиерот во Вашингтон.

-Ние сме сведоци во минатото, кога се прифаќаа некои предлози за преговарачка рамка, транспарентноста за преговорите најмалку ја знаеја македонските граѓани. Сега слушам од госпоѓата Кузеска дека требало да дадеме отчет пред граѓаните по посетата на премиерот во Вашингтон, дека треба да дадеме некакво образложение за тоа што сме направиле таму. Го повикувам СДСМ да поднесат повторно барање до ДКСК, но се плашам дека ќе добијат исти одговор како и за првото патување во Вашингтон, заклучи Иванов.

Со почит,

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Грција утре парализирана од генерален штрајк за втората годишнина од железничката несреќа кај Темпи

Следно

Американски УСАИД истражители пристигнаа на Балканот – Дали Македонија е следна?

Latest from Blog

МБИ10 загуби 31 поен, инвеститорите најактивни кај Алкалоид, Телеком и Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.620,48 поени. Во однос

Денеска на Мундијалот: Стартува 3.коло во групната фаза, БиХ оди на победа за пласман во 1/16 финалето

ФОТО:.facebook.com/nfsbih/ Пред нас е стартот на 3.коло од групната фаза на Мундијалот. Коло по кое ќе се знаат и официајално сите учесници во 1/16 финалето, како и двојките. На програмата се дури

ПРВ СЛУЧАЈ НА ЕБОЛА ВО ФРАНЦИЈА: Првиот случај е лекар кој се вратил од Конго

Франција го пријави својот прв случај на ебола за време на актуелната епидемија, откако беше утврдено дека лекар, кој се вратил од Демократска Република Конго (ДР Конго), е позитивен на вирусот. Француското

Уставно-судската пракса ја потврдува посебната улога на државата во организирањето на игрите на среќа

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри, правно и аргументирано истакна дека државата треба да

Божиновска: Отвораме нови можности за соработка со Шпанија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше на прием организиран од шпанскиот амбасадор во земјава, Рафаел Соријано Ортиз, по повод посетата на директорот на Институтот „Сервантес“, Луис Гарсија Монтеро.
Go toTop