Иван Тони главна трансфер цел на Манчестер јунајтед

March 27, 2024
1 min read

Напаѓачот на Брентфорд, Иван Тони би можел од следната сезона да го носи дресот на англискиот гигант Манчестер Јунајтед, објави денеска италијанскиот новинар Фабрицио Романо, кој е добар познавач на фудбалскиот трансфер пазар.

Според истиот извор, 28-годишниот англиски репрезентативец ќе биде главна трансфер цел на „црвените ѓаволи“ ова лето.

Напаѓачот е проценет на 50 милиони евра, а за англиската репрезентација дебитираше во 2023 година.

Во ноември 2022 Тони беше обвинет за прекршувања на правилникот за обложување на англиската фудбалска Федерација и му беше изречена суспензија од сите фудбалски активности до 17 јануари 2024 година, откако призна вина за 232 од вкупно 262 случаи за кои се водеше истрага против него.

Оваа сезона Тони досега одигра 10 натпревари и постигна четири голови.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Тасев за ТВ 24: Уставни измени со одложено дејство се заштита од нови бугарски услови

Следно

НЕ Е ВИНОВНА МЕГАН: Кралски биограф откри која е вистинската причина поради тоа што Хари си замина од палатата и се откажа од титулата

Latest from Blog

Над 30% од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ најдобро се справува со локалните проблеми

Институтот за политички истражувања Скопје, за потребите на МРТ подготви анкета за локалните избори за актуелните општествени случувања и за рејтингот на политичарите и партиите. Од резултатите презентирани вечерва во емисијата „Објектив“,

ВМРО-ДПМНЕ со двојно поголема поддршка од СДСМ во најновата анкета

Најновата анкета на јавното мислење, објавена вечерва на Македонската радио-телевизија во пресрет на локалните избори, покажува дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојно поголем рејтинг во однос на СДСМ. На прашањето за

Венс за Чарли Кирк: Тој е најпаметниот политички оперативец што сум го запознал – му должам многу!

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс, кој денес е водител на „Шоуто на Чарли Кирк“ во спомен на починатиот американски патриот, кој беше застрелан минатата недела, рече дека „заменува некого кој не може да

Стаменкоска Трајкоска: Подготвени сме за победа – за наша Кисела Вода!

Кандидатката за градоначалник на општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска, беше на кафе-дружба со носителката на советничката листа, Светлана Колариќ, претседателот на ОК, Иван Живковски, и идните советници од коалицијата „Твоја Македонија“.
Go toTop