Италијанската крабрежна стража со хеликоптер спасила 32 мигранти од пуст остров крај Лампедуза

April 3, 2023
1 min read

Италијанската крајбрежна стража денеска соопшти дека употребила хеликоптер во спасувањето на 32 мигранти, меѓу кои и едно дете, кои од претходниот ден биле блокирани на пуст остров во централниот дел на Медитеранот.

Спасувањето на мигрантите заглавени на островот Лампионе, што е дел од истиот архипелаг како и островот Лампедуза, се покажало невозможно по морски пат поради „екстремно неповолните морски и временски услови“, се наведува во соопштението на Крајбрежната стража.

Хеликоптерот во неколку наврати ги однел мигрантите до Лампедуза, вообичаената локација за истоварување на мигрантите кои тргнуваат по море од Тунис и Либија, иако имало ветрови со брзина и до 50 јазли, се додава во соопштението.

АНСА пренесе дека спасените мигранти потекнувале од Камерун, Брегот на Слоновата Коска, Гвинеја и Мали.

Претходно денеска добротворната организација „Alarm Phone“, која прима повици од бродови со мигранти во неволја, соопшти дека на брод со околу 500 лица на него му треба итно спасување во меѓународните води во близина на Либија.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пожар во соблекувална го одложи почетокот на дуелот Емполи – Лече

Следно

Трамп пристигна во Њујорк – по сослушувањето во судот, веднаш ќе се врати на Флорида

Latest from Blog

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, оствари средби со претставници на ФУЕН

Претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, учествуваше на 70. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), кој се одржа од 17 до 20 септември 2026 година во Хелсинки, Финска. На

Пантелеон ГС Скопје во Њујорк беше ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Њујорк, 21 септември 2026 – Македонската компанија Пантелеон ГС Скопје беше ко-домаќин на деловна средба на Бизнис советот за меѓународно разбирање (BCIU), одржана во престижниот Yale Club во срцето на Њујорк. Настанот

„Единствена Русија“ на Путун со убедлива победа на изборите

Со пребројани над 71 отсто од гласовите, како што објавуваат руските новински агенции, Единствна Русија освоила 57,5 отсто, Комунистичката партија и Националистичката либерално демократска партија имале 14 и 8,7 отсто од гласовите..
Go toTop