Италија: Силвио Берлускони има леукемија, започнал со хемотерапија

April 6, 2023
1 min read

РИМ (АА) – Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони има леукемија и започнал да прима хемотерапија, пренесува Анадолу.

Според веродостојни извори на италијанската агенција АНСА, се тврди дека на 86-годишниот Берлускони, кој вчера беше хоспитализиран во миланската болница „Сан Рафаеле“ и задржан на интензивна нега, му е дијагностицирана леукемија.

Иако од болницата не е дадено никакво соопштение за состојбата на Берлускони, италијанските медиуми објавија дека тој има хематолошки проблеми (болест на крвта), што предизвика загриженост.

Наведено е дека Берлускони, кој дошол во болница поради кардиоваскуларни проблеми и респираторни тегоби, ноќта ја поминал мирно.

Неговиот брат Паоло, помладиот син Луиџи и ќерката Марина го посетиле Берлускони во болница.

Антонио Тајани, координатор на партијата на Берлускони, Форца Италија, кој воедно е и вицепремиер и министер за надворешни работи, рече дека не е лекар и дека не може да коментира за здравствената состојба на поранешниот италијански премиер.

„Проблемите со крвта се нормални за луѓе над 50-60 години. Нема потреба од паника, но секако треба да се разговара со лекарите. Разговарав со професорот Алберто Зангрило и тој рече дека неговата состојба е стабилна“, изјави Тајани.

Берлускони имаше неколку здравствени проблеми во последниве години, меѓу кои и срцев удар во 2016 година за кој неговиот лекар рече дека можело да биде фатален, како и итна операција на цревата во 2019 година.

Во 2020 година, тој се бореше со компликации поврзани со Ковид-19, за што рече дека е најлошото искуство во неговиот живот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алтун ја честиташе 103-годишнината на Анадолу

Следно

Скопјанец фатен дома со автоматска пушка и неколку пиштоли

Latest from Blog

Андоновски и Димовски во работна посета на Агенцијата за храна и ветеринарство

Заменик Министер за здравство Јовица Андовски заедно со Вицепремиерот на Владата на Република Македонија Љупчо Димовски остварија работна посета на Агенцијата за храна и ветеринарство. На средбата со директорот на АХВ и
Go toTop