Италија: Продолжува борбата против шумските пожари на Сицилија

July 27, 2023
1 min read

СИЦИЛИЈА (АА) – Италија и понатаму се бори со шумските пожари што избувнаа на почетокот на неделата во јужните региони и на островите, јавува Анадолу.

Противпожарните екипи сѐ уште се борат со пожарот во близина на градот Палермо на западот на островот Сицилија.

Пожарот, кој избувна во рурална област во границите на националниот парк „Вулкан Етна“, на исток на островот, во близина на градот Катанија, повремено се шири и на автопатот А18.

Во соопштението на Противпожарната служба на Италија се наведува дека состојбата на Сицилија се подобрува во однос на контролата на пожарите, но ситуацијата на островот сѐ уште е критична.

Противпожарната служба посочи дека околу 6.000 луѓе, 1.500 возила, 14 противпожарни возила и два хеликоптера се вклучени во гаснењето на пожарите во Сицилија, Калабрија, Пуља и Сардинија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

133 килограми марихуана чувани во автосервис во Ѓорче Петров – обвинение за четворица членови на едно семејство

Следно

Во последните десет години во светот изгореа околу 82 милиона хектари шумска површина

Latest from Blog

Коњановски: Силниот ветер остави последици во Битола, службите го расчистуваат теренот

Три лица се повредени, неколку автомобили се оштетени, а околу 20 паднати дрвја се пријавени по силниот ветер што од синоќа ја зафати Битола. Градоначалникот Тони Коњановски, кој попладнево бил на терен

Од запуштен простор до уреден градски парк: Општина Прилеп и „Комуналец“ реализираа нов проект

Просторот пред спортската сала „Македонија“ во Прилеп доби целосно нов изглед по реализираните активности за реконструкција, уредување и обновување на паркот и урбаната опрема. Некогаш запуштената ливада сега е претворена во уредено

Електричната иднина зависи од бакарот – потребни се 332 милијарди долари за нови рудници

Електричните автомобили, обновливите извори и индустријата ја зголемуваат побарувачката, а недостигот на бакар може да трае со децении Преминот кон електрична енергија и почист транспорт отвора нов предизвик за светската економија –

Коњановски: Столици се поставуваат за минути, градот се гради со секојдневна работа

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, реагираше на герила-акцијата со бели столици поставени пред општинската зграда, на кои биле испишани имиња на проекти потребни за градот. Тој порача дека на столиците недостасувала важна

Од Валенсија и Кожани до Битола: Меѓународна соработка за посигурно водоснабдување

ЈКП „Водовод“ – Битола информира дека било домаќин на претставници од Политехничкиот универзитет во Валенсија, Шпанија, и Универзитетот на Западна Македонија во Кожани, Грција, во рамките на меѓународниот проект WATERVILL, кој го
Go toTop