Истражување: Мажите кои не се чувствуваат добро во брак секогаш ги избегнуваат овие 10 теми

December 18, 2025
1 min read

Истражувачите на Универзитетот Бригам Јанг откриле дека длабоко вкоренетото незадоволство од бракот честопати го предвидува и нивото на интимност, при што мажите ги доживуваат овие емоции поинаку од нивните партнерки.

Незадоволството често се манифестира преку емоционално и физичко избегнување, а тоа може да се види и во кратките разговори при кои секогаш избегнуваат одредени теми. Значи, според истражувањата, мажите кои се срамат од својот брак секогаш ги избегнуваат следниве теми.

1. Развод или разделба

Психологот Сет Мејерс објаснува дека разводот носи многу непријатности, па дури и мажите кои се несреќни и емоционално оддалечени од своите партнерки избегнуваат да зборуваат на оваа тема. За нив, дополнителната непријатност е премногу, особено кога веќе се борат да се справат со постојниот емоционален товар, пишува YourTango.

2. Годишнини и родендени

Според истражувањето на Институтот Готман, паровите кои се оддалечиле честопати имаат рутини фокусирани само на логистиката, па важните моменти остануваат незабележани. Маж кој не е задоволен од својот брак често избегнува да слави годишнини и родендени затоа што му е непријатно да создава блискост што повеќе не ја чувствува.

3. Нежност и искажување на наклонетост

Доколку избегнуваат интимност, незадоволните партнери исто така избегнуваат и разговори што би можеле да доведат до решавање проблеми. Според една студија, незадоволството може да го активира и механизмот на „напад“, па затоа таквите мажи се посклони да се вклучат во ситни расправии за да избегнат подлабоки теми.

4. Амбиции и планови на партнерката

Мажите незадоволни од односот, често се повлекуваат од разговорите за целите и иднината на нивната партнерка затоа што не можат да ја обезбедат поддршката што се очекува од нив. Избегнувањето им дава краткорочно олеснување, но долгорочно создава дополнителен стрес.

5. Одлуки во врска со воспитувањето

Психотерапевтот Шон Гровер наведува дека браковите со лоша комуникација тешко се справуваат со предизвиците на воспитувањето. Поради ова, мажите кои чувствуваат незадоволство, честопати целосно ги избегнуваат разговорите во врска со воспитувањето за да избегнат соочување со проблемите во врската.

6. Чувствителни, ранливи емоции

Кога ќе ја изгубат довербата и чувството на сигурност, мажите се повлекуваат и ги потиснуваат ранливите емоции. Избегнувањето ги држи во маѓепсан круг на чувства што не ги изразуваат.

7. Проблеми во врската

Истражувањата покажуваат дека расправиите можат да бидат здрави ако се решаваат конструктивно. Сепак, мажите кои чувствуваат незадоволство од врската, избегнуваат конфликти, а во исто време, не се во можност да водат разговори што би ги решиле проблемите.

8. Работи што ги повредуваат

Иако повремени навреди се случуваат во секоја врска, мажите кои не се задоволни од бракот,  избегнуваат да зборуваат за она што ги повредува. Потиснувањето на емоциите води до огорченост и дистанцирање.

9. Квалитетно време заедно

Студиите покажуваат дека поминувањето време заедно ги зајакнува врските и помага во решавањето на конфликтите. Мажите кои се незадоволни во бракот избегнуваат да планираат време заедно бидејќи се фокусирани на сопствените внатрешни борби.

10. Комплименти

Комплиментите и малите изрази на наклонетост им помагаат на партнерите да се чувствуваат ценето, но мажите кои не се задоволни од бракот ја избегнуваат и оваа тема. Тоа може да биде знак на емоционална борба или намалена привлечност.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Џин Симонс од групата „ KISS“: Музичарите во Америка се третираат полошо од робови (ВИДЕО)

Следно

Криминалот во Лотарија го потврди и ДЗР, каде завршија 2 милиони евра украдени во време на СДС и ДУИ

Latest from Blog

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките

Далиќ има договор со ОАЕ за 5 милиони евра годишно

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. Без оглед на интересот на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните
Go toTop