Истражувањата за транс медицина се манипулирани

July 7, 2024
1 min read

Хилари Кас е британски педијатар која во април објави студија за услугите за родов идентитет за деца и млади, нарачан од државата, во кој, врз основа на докази се фрла сомнеж околу родовата медицина кај младите.

Ова го натера Светското професионално здружение за трансродово здравје (WPATH), организација на лекари и практичари кои обезбедуваат услуги на транс лица, надмено да реплицира дека нивните упатства биле засновани на  „многу посистематски прегледи“.

Меѓутоа, благодарејќи на еден судски случај (забраната за трансродова медицина за млади во Тенеси која ја разгледува Врховниот суд) се обелоденуваат докази дека на тоа поле не е сè чисто.

Се дозна дека кога луѓето од WPATH преговарале со Хопкинс универзитетот за студии кои сакале да ги нарачаат, имале јасна желба да ги контролираат истражувањата и да имаат завршен збор во нивните резултати.

Тие инсистирале дека истражувачите да „не можат самостојно да ги објавуваат своите наоди“ и дека податоците не можат да се користат без нивно одобрение.

Од Хопкинс тоа го гледаат како обид за прекумерно влијание на нешто што треба да биде независен процес. Џон Јоанидис од Универзитетот Стенфорд, коавтор на упатства за систематски прегледи, вели дека ако спонзорите се мешаат или им се дозволи да стават вето на резултатите, тоа може да доведе или до пристрасни резимеа или до потиснување на неповолните докази.

Па сепак, откако започнала соработката околу нарачка и реализација на истражувања, истражувачите доставиле шест систематски извештаи. Од нив, светлото на денот го има видено само еден.

Не е тоа најлошото а притисок не прават само WPATH туку се прави и на нив. Економист пишува дека Рејчел Левин, транс-жена која е асистент секретар за здравство ги притиснала WPATH, од своите протоколи да ја остранат минималната возраст за третман на деца.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Следува период на многу топло време, температурата до 40 степени

Следно

ДЕНЕСКА Е ИВАНДЕН: Среќен именден Иван, Ивана, Јане, Јана

Latest from Blog

ВИДЕО: Колона со камиони од синоќешната полициска акција од заплената на десетици тони марихуана

Десетина комбиња, пет камиони, возила на полицијата и царината вчера попладнево влегоа во просториите на поранешната фабрика ОХИС, каде што од вчеравечер се спроведува полициската акција која е поврзана со 5-те тони

На Зимските олимписки игри ќе нема агенти на ICE- заканите со протести ги одвратија

Ниту еден агент на американската Служба за имиграција и царинска контрола (ICE) не ја обезбедува американската олимписка делегација на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, изјави денес за новинарите висок безбедносен службеник на Олимпискиот

На чичко Драги од Рекорд му е потребна помош: Го чекаат две операции, се наоѓа во болница

Драги Паровски, познат како Чичко Драги од Рекорд, повеќе од 30 години продава дре­бу­лии на својата тезга кај „Рекорд. По операцијата на рак на грло која ја имаше пред неколку години, чичко

Словенија најавува забрана за социјални мрежи за деца под 15 години

Словенечката влада усвои насоки за измени на законот со кои би се ограничило користењето на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години, пренесе словенечката агенција СТА. Вицепремиерот Матеј Арчон изјави дека

Димитриеска Кочоска: Буџетските реформи ја зајакнуваат финансиската стабилност

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата оствари средба со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, на која се разговараше за спроведувањето на
Go toTop