Истражувачи од САД го уриваат митот „Никотинот предизвикува рак“

October 2, 2025
2 mins read

Многу Американци имаат негативен став кон никотинот. Стимулансот, кој природно се наоѓа во тутунските растенија, е тоа што ги прави луѓето зависни од цигарите, при што пушењето е причината за 490.000 смртни случаи во САД секоја година. Кога луѓето се обидуваат да се откажат од пушењето, најчесто потребата за никотин и напливот на допамин што го ослободува во мозокот, ги спречуваат нивните обиди.

Во овој контекст, никотинот е одговорен за многу здравствени проблеми. Но, експертите за јавно здравје велат дека иако никотинот претставува ризик, некои производи што го содржат се побезбедни од цигарите. Затоа експертите се загрижени дека широко распространетите заблуди за ефектот на оваа состојка врз телото прават поголема штета отколку корист.

Мнозинството луѓе во САД погрешно веруваат дека никотинот е супстанцата во цигарите што предизвикува рак.

Всушност, штетата од пушењето доаѓа од согорувањето на состојките во цигарата, а не од самиот никотин – објаснува Џејми Хартман-Бојс, истражувач за здравствена политика на Универзитетот во Масачусетс Амхерст.

Во чадот од цигарите произведен од согорувањето на тутунот се идентификувани повеќе од 70 канцерогени материи, што може да ја оштети човечката ДНК и да биде основа за појава на рак.

Со години, цигарите беа главниот начин на кој повеќето Американци консумираа никотин. Од аспект на јавното здравје, не претставуваше голем проблем ако луѓето ги поистоветуваат опасностите од пушењето со опасностите од таа конкретна супстанца, сè додека тоа ги одвраќаше од палење цигара.

Сега, благодарение на новите опции без чад како што се уредите што го загреваат тутунот и никотинските ќесички, ние сме во сосема поинаков пејзаж кога станува збор за комерцијални производи со никотин – вели Хартман-Бојс.

Студиите покажуваат дека никотинските ќесички одобрени од Американската администрација за храна и лекови (ФДА), иако не се без ризик, ја намалуваат изложеноста на луѓето на штетни материи во споредба со цигарите.

Во што е проблемот?

Проблемот со кој сега се соочуваат експертите за зависности и јавно здравје е како да се коригира наративот за никотинот заради намалување на штетата. Тие сакаат луѓето кои пушат да знаат дека преминувањето на помалку штетни алтернативи со никотин е подобра опција од продолжување со пушење цигари. Студиите сугерираат дека поголема е веројатноста луѓето успешно да се откажат од пушењето со помош на алтернативите што содржат никотин бидејќи тие помагаат во ублажување на симптомите на апстиненција. Секако, експертите не ги охрабруваат луѓето кои воопшто не користат тутунски производи да станат корисници на тутунските алтернативи.

Што знаеме за никотинот?

Организациите против тутун имаат тенденција да заземаат цврст став против никотинот, нагласувајќи го неговото влијание врз развојот на мозокот кај адолесцентите. Неспорно е дека употребата на никотин носи реални ризици. Жените кои користат тутун без чад за време на бременост може да родат бебиња со помала родилна тежина од жените кои не користат никотин, а истражувањата врз глувци сугерираат дека користењето вејп за време на бременост може да наштети врз развојот на белите дробови на бебињата.

Никотинот создава зависност, особено за луѓето кои почнуваат да го користат на млада возраст. Но, тој не предизвикува директно рак поврзано со пушењето. Кога станува збор за прашањето дали никотинот предизвикува други сериозни разлики во развојот на мозокот, одлуката на жирито дефинитивно сè уште е нерешено – вели Хартман-Бојс.

Според професорот Џонатан Фаулдс од Институтот за рак на Универзитетот Пен Стејт, доказите дека никотинот е штетен за мозокот во развој имаат приближно ист квалитет како и доказите за влијанието на кофеинот врз младите луѓе.

И двата се стимуланси кои веројатно можат да имаат негативен ефект врз развојот на мозокот. Но, истите луѓе кои велат дека никотинот предизвикува оштетување на мозокот, им даваат џепарлак на своите деца да одат во „Старбакс“ и да купуваат што сакаат – вели Фаулдс.

Диференцирањето на ризиците од зависност од никотин и ризиците од согорен тутун не е едноставна порака за пренесување. Но, истражувањата сугерираат дека сеопфатните пристапи кои ги водат луѓето низ науката, објаснувајќи ги основните причини за штетите од тутунот, се најефикасни во намалувањето на лажните верувања.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Стефаноски за КУРИР: Тенките и бледи црвени линии на СДСМ

Следно

Списокот на играчи за мечевите против Белгија и Казахстан е објавен

Latest from Blog

Ѓорѓиевски најавува нови сообраќајни и инфраструктурни проекти во Гази Баба

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска ги претстави клучните инфраструктурни проекти кои ќе се реализираат во општина Гази Баба, со цел растоварување на сообраќајот и модернизирање на градската инфраструктура. Меѓу

Денови на мед во Куманово по 25-ти пат

На манифестацијата учествуваат претставници на пчеларски здруженија од Македонија. Пчеларите ја оценуваат годината како просечна. Претставниците од здружението доделија платени на најуспешни пчелари во повеќе категории, а воедно претставници од болницата. Директорот

„Премногу ме малтретиравте сите, станав неосетлив“: Страшен мејл стигна во многу училишта во Србија и е напишан со помош на АИ?!

„Бомба ќе експлодира“, „луѓето се стаорци“, „премногу ме малтретиравте сите, станав неосетлив“, се наведува меѓу другото во мејловите што утрово стигнале на дури 807 основни и средни училишта ширум Србија, а во

Списокот на играчи за мечевите против Белгија и Казахстан е објавен

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милески ги објави избраните играчи за натпреварите од квалификациите за Светското првенство 2026 против Белгија на 10 октомври и Казахстан на 13 октомври. . .
Go toTop