„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БиХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
1 min read

Американски дипломати побарале од Кристијан Шмит да поднесе оставка од функцијата висок претставник за БиХ, но, тој го одбил барањето, наведувајќи дека е силно поддржан од Германија, која го предложила за оваа висока функција, и дека само Берлин може да одлучи за негово отстранување, јави денеска сараевскиот портал „Истрага“ (Istraga.ba), повикувајќи се на неколку неименувани дипломатски извори.

Во текстот се наведува дека ова се случувало во последните два месеца, откако Вашингтон постигна договор со поранешниот претседател на Република Српска (РС) и лидер на владејачкиот Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД) Милорад Додик и српската членка на Претседателството на БиХ Жељка Цвијановиќ, според кој резултатот од тој договор требало да биде отстранување на Шмит од позицијата висок претставник.

Сараевскиот портал пишува дека оваа година Амбасадата на САД во Босна и Херцеговина доцнела со исплатата на траншите за финансирање на Канцеларијата на високиот претставник (КВП) и дека, по Европската Унија (ЕУ), таа издвојува најмногу средства за нејзино финансирање.

Понатаму се проценува дека од мај оваа година, Канцеларијата ја изгубила својата важност за американската дипломатија.

Според информациите на Истрагата, опстанокот на КВП не е доведен во прашање, но Американците инсистираат Канцеларијата повеќе да не ги користи „бонските овластувања“ и бараат Шмит да биде отстранет од позицијата висок претставник во согласност со договорот меѓу Вашингтон и Бања Лука.

Се додава дека, за разлика од Американците, Германците се обидуваат токму спротивното – да ја зајакнат позицијата на Шмит. Имено, „Берлин одлучи повторно да го активира својот пензиониран долгогодишен дипломат Кристијан Хелбах и да го испрати во КВП како советник на Кристијан Шмит. Пред десет години Хелбах беше германски амбасадор во Босна и Херцеговина и има богато искуство во дипломатијата“, пишува порталот „Истрага“.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Аморим по ремито со Форест: Ова е добар резултат, играме се подобро

Следно

Бидете внимателни: Греалките можат да бидат причина за пожар, НЕ правете го ова

Latest from Blog

Проданоски: Со 6.000 нови дабови садници ја зајакнуваме зелената иднина на Прилеп

Во рамки на проектот за пошумување на споменикот на природата „Маркови Кули“, денеска беа засадени 6.000 садници на даб на локалитетот над новите градски гробишта на патот кон Трескавец. Акцијата, која се

Николоски: Коридор 8 се гради со засилена динамика

Инфраструктурните проекти на паневропските коридори се клучни за економската иднина на земјата, а нивната реализација ќе спречи Македонија да остане изолирана од главните транспортни текови, оцени вицепремиерот и министер за транспорт, Александар

Проданоски: Поддршката за лицата со Даунов синдром е наша заедничка обврска

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати порака за поддршка до сите лица кои живеат со Даунов синдром, нагласувајќи дека секој човек носи своја вредност, своја приказна и има свое место во заедницата.

Абас Арагчи: Иран е подготвен да сослуша и да разгледа иницијативи за крај на војната

Арагчи за јапонската новинска агенција Кјодо изјави дека Иран е „подготвен да ги сослуша и разгледа таквите предлози“, пренесе Би-Би-Си. Иако некои земји бараат решение за конфликтот на Блискиот Исток, иранскиот министер
Go toTop