„Историјата ќе го потврди праведниот став на Туркије за Газа“

January 3, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека праведниот став на неговата земја за Газа ќе биде потврден од историјата исто како што беше во Сирија, јавува Анадолу.

„Како што се докажа дека ние сме во право за Сирија, историјата ќе потврди дека сме биле во право и за кризата во Газа“, изјави Ердоган на настанот на Собранието на турските извозници во Истанбул.

Асад, лидерот на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз Дамаск на 8 декември, ставајќи крај на режимот на партијата Баас, кој беше на власт од 1963 година.

„Се надеваме дека сонцето на слободата и правдата што изгреа над Сирија последните недели од 2024 година ќе изгрее и на небото над Газа во 2025 година“, изјави претседателот Ердоган.

Ердоган нагласи и дека Туркије е единствената земја која целосно ја прекинала трговијата со Израел.

Во мај, Туркије ја запре целата трговија со Израел, која изнесуваше околу 9,5 милијарди долари, во услови на тековната израелска геноцидна војна врз Газа.

И покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која повикува на итен прекин на огнот, израелската Армија ја продолжи геноцидната војна врз Газа во која од 7 октомври 2023 година се убиени речиси 45.600 жртви, главно жени и деца.

Турскиот претседател исто така се осврна и на извозот на Туркије, велејќи дека е зголемен на годишно ниво.

„Извозот на Туркије достигна рекордно високо ниво од 262 милијарди долари во текот на минатата година, што е раст од 2,5 отсто на годишно ниво“, објави денес претседателот Реџеп Таип Ердоган.

„Надворешнотрговскиот дефицит на земјата, кој изнесуваше 106,3 милијарди долари во 2023 година, се намали на 82,2 милијарди долари“, изјави тој за време на настанот во Истанбул.

„Соодносот на покриеност на извозот и увозот достигна 76,1 отсто во 2024 година, што е раст од 5,5 процентни поени на годишно ниво“, нагласи Ердоган.

„Само во декември извозот на земјата се зголеми за 2,2 отсто на 23,5 милијарди долари, што е уште едно рекордно ниво“, додаде тој.

Во врска со бруто-домашниот производ (БДП) на Туркије, Ердоган рече дека приходот по глава на жител во земјата, кој изнесувал 13.243 долари во 2023 година, се очекува да надмине 15.000 долари во 2024 година и да надмине 17.000 долари во 2025 година.

Тој рече дека Туркије има за цел да достигне раст од 4 отсто во 2025 година со поддршка на нето-извозот и основните капитални инвестиции.

„Туркије, со раст од 2,1 отсто во третиот квартал, постигна позитивни стапки на раст во последните 17 квартали“, потсети претседателот Ердоган.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Уште еден палестински новинар е убиен во израелски напад врз Газа

Следно

Тукушто е пронајдено телото на четвртиот патник од несреќата кај Рашче

Latest from Blog

Онана во првиот меч за Трабзон имаше 7 одбрани и доби највисока оценка

фото: DİAS (X) Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,
Go toTop