Исплатена третата транша од унгарскиот кредит за компаниите, само 2 проценти ќе се користат за обновливи извори на енергија

May 15, 2025
1 min read

Откако министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вчера соопшти дека од централниот Буџет е префрлена третата транша од унгарскиот кредит наменет за компаниите, денеска Развојната банка информираше дека веќе се исплатени средствата.

Средствата во износ од 41,3 милиони евра се наменети за 175 одобрени проекти на домашните компании. Со овие средства поддржани се девет микро, 91 мали, 57 средни и 18 големи компании во државата.

  • Најголем дел од средствата на оваа транша се наменети за финансирање на 91 проект на мали компании и 19,5 милиони евра за инвестиции во опрема. По структура на дејност, од оваа транша најголем дел од средствата се исплатени за поддршка на компаниите кои имаат дејност пред сé од областа на производството, во износ од 13,6 милиони евра. Структурата по вид на инвестиција од оваа транша е следнава: 45 проценти во градежнии, 47 проценти во опрема, 2 проценти во обновливи извори на енергија и 6 проценти инвестиции во транспортни средства, информираат од Развојната банка.

Со оваа транша, исплатени се вкупно 125,8 милиони евра кон деловните банки, односно половина од предвидените 250 милиони евра наменети за поддршка на стопанството преку кредитната линија за инвестиции и развој, со што се финансирани 470 проекти на домашните компании.

Според министерката за финании Гордана Димитриеска-Кочоска, средства што ќе се инјектираат во стопанството се значаен инпут врз економскиот раст и ќе бидат екор кон остварување на проекцијата од 3,7 проценти.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Само Зеленски ќе присуствува на преговорите во Истанбул

Следно

Утре не очекуваат пообилни врнежи од дожд

Latest from Blog

Николоски: Инвестициите во Коридорите 8 и 10 ќе ја поврзат Македонија со регионот и ќе донесат силен економски развој

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска на два одвоени форуми „Македонија 2025“ и Македонско-Албанскиот бизнис форум ги презентираше клучните инфраструктурни проекти, инвестициите и нивното економско влијание врз државата

Поранешна фудбалерка стана прв спортски директор на Бундеслигаш

Поранешната професионална фудбалерка Кетлин Кригер ќе стане нов спортски директор на бундеслигашкиот клуб Хамбургер , наследувајќи го Стефан Кунц. Клубот од Северна Германија го објави ова во вторник. Хамбургер не ја откри

„Златната купола“ на Трамп ќе чини 1,2 билиони долари, тој најави дека ќе биде далеку поевтина

Планот на претседателот Доналд Трамп за поставување оружје во вселената, програмата за ракетна одбрана позната како „Златната купола на Америка“, ќе чини околу 1,2 трилиони долари во текот на 20 години, според
Go toTop