Испитуван вештак за Ласкарци, судењето продолжува на 31 октомври

October 19, 2023
2 mins read

реклама


Во основниот кривичен суд Скопје во врска со автобуската несреќа кај селот Ласкарци денеска беше испитувано вештото лице Љупчо Постолов, дел од тимот што го изготви сообраќајното супервештачење за несреќата во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени.

Адвокатот Љупчо Мицевски, бранител на шестообвинетиот – возачот на автобусот, денеска продолжи да го испитува вештото лице Љупчо Постолов.

реклама

Прашан дали 1,67 секунди не се доволни за сопирање, но е доволно за реакција на воланот и насочување на воланот кон десно, тој одговори дека неколку пати нагласиле дека од возачот на автобусот немало никаква реакција.

Во врска со тоа дека воланот по незгодата е најден завртен во десно, прашан дали во предметот сретнале фотографија каде што воланот е фотографиран во позиција за движење право, тој одговори дека во крајната положба воланот е во деформирана состојба.

реклама

  • Таква фотографија нема, но објаснив дека сите фотографии каде што е воланот свртен кон десно може да биле од многу други причини и деформации, рече вештакот.

Прашан дали АБС системот на овој автобус бил исправен на денот на незгодата, тој одговори не.

  • Според машинските согледувања, АБС системот не бил исправен, односно била пресечена жицата што е поврзана со уредите, одговори тој.

На прашањето дали таа неисправност на АБС системот била кај едно од тркалата, или кај сите тркала, тој одговори кај сите.

реклама

Прашан дали со ваков неисправен АБС систем за кочење, овој автобус смеел да биде пуштен во сообраќај и да превезува патници на ден 13.2.2019 година од страна на одговорните лица на превозникот Дурмо Турс, тој одговори дека не би требало.

  • Сметам дека не би требало, бидејќи секоја неисправност која би се утврдила на техничкиот преглед, пред да биде пуштен автобусот во сообраќаен промет, требало да биде отстранета, рече вештакот.

Прашан дали при ваков неисправен АБС систем, при максимално кочење со ножната кочница, може да дојде до тоа предните тркала на автобусот да не се управуваат, тој одговори дека АБС системот немал никакво влијание ниту е во причинска врска за случување на сообраќајната незгода.

Сослушувањето на супервештаците се одвива веќе подолго време. На последните рочишта бранителот на шестообвинетиот – возач на автобусот, постави повеќе прашања во однос на настанувањето на несреќата и техничката неисправност на автобусот, на кои на најголем дел имаше приговори од страна на бранителите на останатите обвинети, според кои, прашањата се повторуваат.

Обвинителот на денешното рочиште рече дека стратегијата на бранителите на останатите обвинети е да ја префрлат одговорноста на возачот, на што, тие одговорија дека е недозволиво јавен обвинител, изјавувајќи такво нешто, да се става во улога на бранител на обвинет.

Покрај Постолов, во тимот вештаци кои го изготвија сообраќајното супервештачење се и вештаците Јакуп Мамути и Невзат Зеќири

Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, или не се компетентни за истото. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења, кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење. Супервештачењето пристигна во Кривичен во декември. Потоа настапи формално отпочнување на процесот по кое се започна со сослушување на вештите лица кои го изготвија машинското супервештачење, а во моментов и на вештите лица кои го изготвија сообраќајното супервештачење.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Судскиот процес за несреќата започна во септември 2019 година и го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски. Судењето продолжува на 31 октомври.

реклама



MARKETING

MARKETING

Претходно

Претставник на Стејт департментот поднесе оставка поради американската еднострана поддршка на Израел

Следно

За новото раководство на Филхармонија присуството на Збигњев Прајснер во Скопје е непотребно

Latest from Blog

Македонец загина, а друг е тешко повреден во превртен автомобил на автопатот Нови Сад – Суботица

Едно лице го загуби животот, а друго е со тешки телесни повреди во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска во раните утрински часови на делницата помеѓу клучката Жедничка и наплатната станица

Од патарини инкасирани над 30 милиони евра за половина година, поголема достапност на М-ТАГ уредот

Од патарини во првата половина од годинава се наплатени 1.900.255.930 денари (30,89 милиони евра) за 78 милиони денари повеќе во однос на истиот период од минатата година. Евидентираниот раст на електронската наплата

ВИДЕО: Аплаузи и многу емоции, телата на Диого Жота и Андре Силва доцна синоќа пречекани во родниот Гондомар

Тишината низ улиците на Гондомар, родниот град на браќата Диого Жота и Андре Силва, синоќа во 23:30 часот беше прекината во моментот кога се слушнаа полициските сирени. Насобраните луѓе, обожаватели и почитувачи
Go toTop