ИСПИШАВМЕ ИСТОРИЈА СО „ЈОН ВАРДАР“, КАЖА РЕЖИСЕРОТ ГОЦЕ ЦВЕТАНОВСКИ ПО СВЕТСКАТА ПРЕМИЕРА НА ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ ДОЛГОМЕТРАЖЕН АНИМИРАН ФИЛМ ВО ШПАНИЈА

October 7, 2024
1 min read

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата” викендов ја имаше својата светска премиера на 57. издание на Фантастик филм фестивал во шпанскиот град Ситџес, еден од најголемите и најстари жанровски фестивали во светот. Филмот, чиј режисер и сценарист е Гоце Цветановски, беше прикажан во фамилијарната секција, а ќе има уште една проекција на фестивалот, на 11 октомври. Од 1 ноември ќе се прикажува во киносалите низ Македонија.

Цветановски, кој имаше и кусо обраќање, вели дека капацитетите на салата беа исполнети, главно со најмладата публика.

„Кога им кажав на децата дека се првите во светот кои ќе го гледаат филмот, тие реагираа со воодушевување. Премиерата ги оправда очекувањата. Ми беше драго што и децата и нивните родители уживаа во филмот и се смееја на глас. Во публиката имаше и Македонци од Барселона кои допатуваа во Ситџес за да го проследат филмот. Факт е дека со ‘Јон Вардар‘ напишавме историја и верувам дека имаме производ со кој можеме да се гордееме“, рече Цветановски.

Филмот е најавен како хумористична приказна за еден натпросечно потпросечен човек, еден нарцисоиден робот и многу вонземјани кои се на мисија да ја спасат галаксијата од самите себеси.

Арт директор е Михајло Димитриевски-Тхе Мичо, директор на анимација е Димитар Ѓоргиев, а продуценти се Алан Кастиљо од „Линкс студио“, Ева Конрад, браќа Калинови и Ладо Шкорин. Во главните улоги настапуваат Жарко Димоски, Дамјан Цветановски и Емилија Мицевска, а другите гласови ги позајмуваат Филип Трајковиќ, Тони Денковски, Атанас Атанасовски, Слаѓана Вујошевиќ, Мартин Ѓоргоски, Елена Тарчуговска и Бојана Тосковска.

Анимираниот филм е изработен со поддршка од Агенцијата за филм, со копродукции од Унгарија, Бугарија и Хрватска.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити ќе и помага на Арсовска, најави шест нови еколошки автобуси за Скопје

Следно

„Џифони Македонија“: Промоција на CinEd – филмска едукативна програма и на групата млади филмски ентузијасти Aspirin Production

Latest from Blog

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во
Go toTop