ИСКРА ГЕШОСКА МЕЃУ ТРИ ДОБИТНИЦИ ОД СВЕТОТ НА ГЕТЕ МЕДАЛ ЗА ПРИДОНЕС ВО КУЛТУРНА РАЗМЕНА

April 24, 2024
1 min read

Македонската теоретичарка на уметност и културна менаџерка Искра Гешоска е меѓу трите  добитнички на Гете медалот за 2024, соопшти Гете институтот. Наградени се и литературната преведувачка Клаудија Кабрера од Мексико и театарската работничка Кармен Ромеро Кверо од Чиле. Медалот Гете, како што објави „Дојче веле“ е едно од најважните признанија на Германија за културни творци од странство.

Наградата ќе биде доделена во Вајмар на 28 август, денот на раѓањето на поетот Јохан Волфганг фон Гете (1749-1832).

Во образложението на жирито за доделување на престижното признание на Искра Гешоска се вели дека таа создала важни платформи за независната културна сцена во Северна Македонија. Таа е соосновач на Фестивалот за критична култура „Крик“ и на мрежата „Кооператива“, која ја поттикнува европската културна размена во поранешните југословенски држави.

Гешоска е ќерка на македонските театарски доајени Милица Стојанова и Димитар Гешоски.

„Токму во време на мултилатерални кризи и поларизирачки дебати како денес, потребна ни е отвореност за различни перспективи во светот, подготвеност да учиме едни од други и да градиме доверливи врски во општеството, но и меѓу различни општества. Годинешните добитнички се залагаат токму за вакви поврзувања и меѓународно разбирање на извонреден начин, без да се обесхрабрат од препреките“, рече претседателката на Гете институтот, Карола Ленц.

Гете институтот го доделува медалот еднаш годишно од 1995 година како официјално одликување на Сојузна Република Германија.

Со Медалот Гете се одликуваат личности од целиот свет кои дале посебен придонес во наставата по германски јазик и меѓународната културна размена.

Веќе извесен период Институтот им оддава почест на тројца културни актери од различни региони. Меѓу претходните носители се вбројуваат Даниел Баренбоим, Дејвид Корнвел односно Џон ле Каре, Агнес Хелер, Петрос Маркарис, Хорхе Семпрун, Роберт Вилсон и Аријане Мнукин.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Неколку прекршувања со фотографирање на гласачки ливчиња, информира МВР

Следно

Милан по секоја цена сака напаѓач од Бундеслигата

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop