Исклучиво македонски изведувачи – “Меморија“ главни ѕвезди

September 11, 2025
1 min read

Од 12 до 14 септември Гевгелија ќе биде
домаќин на третото издание на фестивалот „Вкуси го југот“ (Taste the south).
Традиционална културно-забавна манифестација за промоција на Гевгелија, која не
е само обичен тридневен музички хепенинг, туку преставува своевидна фузија на
традицијата, културата и забавата и тоа во повеќе сегменти. Под покровителство
на општина Гевгелија и годинава најјужниот град во Македонија на локација кај
новиот пазар три дена ќе пулсира и живее во духот на она што југот го има како
традиција во гастрономската понуда, на подготовка на домашни специјалитети
подготвени по традиционални рецепти.

Како што беше истакнато и на
вчерашната прес-конференција одржана во општинската зграда на која говореа
градоначалникот на Гевгелија, Андон Сармандов, првиот човек на продукцијата
која е коорганизтор – Пане Темов и официјалниот ПР на годинешната маниестација,
Антонио Димитриевски, во нејзините содржини е предвидена и богата
културно-уметничка и едукативна програма која ќе ја збогатат културно-уметнички
друштва и фолк ансамбли и солисти, тука се школата за тапани, школата за
гитара, школата за танци, детскиот фестивал “Калинка“ и уште многу други,
разновидни содржини за сите вкусови и возрасти. Вечерните настапи и концерти на
мноштвото млади, локални изведувачи и секако внимателно направен избор
исклучиво од најпознатите македонски етно, поп и рок пејачки ѕвезди и бендови
се најатрактивниот дел од програмата, во кои ќе кулминира забавата за сите
генерации.

Така распоредени во три вечери, 12, 13 и 14 септември, меѓу
останатите свои настап ќе имаат „Љубојна“, Дани Димитровска, Огнен Здравковски,
Андријана Јаневска, Антониа Гиговска, Јанг Дади… а ѕвезди не само на третата
вечер, туку и убедливо најголемо име на целата фестивалска манифестацијае легендарната
македонска група „Меморија“ која ќе го затвори фестивалот со свој целовечерен
концерт во недела, на 14. септември со своите познати хитови: „Нена“, „Одам за
секогаш“, „Снежо, Снежана“„Дирлада“ … како и безвременските балади „Оган под
ѕвездите“, „Зошто Боже“, „Нашите слики“ или последната „За тебе“. Ова е
распоредот на комплетната програма по денови: Се’ на се’, во три дена во
Гевелија ќе има што да се види, слушне и вкуси… Ќе биде градот во кој спојот на
традицијата, културата и забавата ќе доминираат на југот на Македонија.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Киро Урдин: Му дадовме уметнички аспект на визуелното решение за 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“

Следно

Николовски за Антропол: Генералниот урбанистички план е основата на иднината на Битола

Latest from Blog

Салах би можел да потпише за Барселона?!

фото: Liverpool FC (X) Заврши ерата на “Фараонот“ на „Енфилд“. Ливерпул вчера објави дека Мохамед Салах по девет години ќе го напушти клубот. Дојде време за збиогување, но Египќанецот ќе биде запаметен

Проданоски во Радио Пела: Рестарт на Прилеп преку капитални проекти, ред во сообраќајот и ФК Победа

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, во своето прво официјално гостување во студиото на Радио Пела како прв човек на општината, отворено говореше за приоритетите, тековните инфраструктурни зафати и плановите за развој
Go toTop