Ишиба: Светот е повеќе поделен од кога било и подготвен за конфронтација

October 4, 2024
1 min read

Светот е повеќе поделен од кога било и подготвен за конфронтација, изјави новиот јапонски премиер Шигеру Ишиба во својот програмски говор пред Парламентот, пренесоа светските агенции.

-Денешна Украина може да биде предупредување за тоа што може да се случи утре во Источна Азија, рече тој.

Ишиба го постави реторичкото прашање зошто разубедувањето не функционира во Украина.

Тој додаде дека ако се земе предвид ситуацијата на Блискиот Исток, меѓународната заедница станува се поподелена и подготвена за конфронтација.

Во својот говор Ишиба изјави дека е подготвен да го задржи курсот за склучување мировен договор со Русија. Сепак, премиерот истакна дека билатералните односи се во тешка состојба.

Главната пречка за склучување на мировен договор е јужниот дел на Курилските острови. По завршувањето на Втората светска војна, целиот архипелаг стана дел од СССР, но Јапонија ја оспорува сопственоста на островите Итурупа, Кунашира, Шикотана и група мали ненаселени острови. Откако Токио воведе антируски санкции поради ситуацијата во Украина, Русија ги прекина консултациите со Јапонија за мировниот договор. Русија го блокираше и продолжувањето на статусот на Јапонија како партнер во Организацијата за црноморска економска соработка.

Во својот денешен говор, Ишиба ја обвини Русија, но и Кина, за серија прекршувања на воздушниот простор на Јапонија и рече дека неговата земја сега е во најсложената безбедносна ситуација од крајот на Втората светска војна.

Во своето главно обраќање, Ишиба не спомна подготвеност лично да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Во однос на домашната политика, Ишиба изрази загриженост поради нискиот наталитет и падот на населението во Јапонија. Тој го опиша ова како ситуација која се премолчува, но за која е потребна итна акција.

-Нискиот наталитет и падот на населението ги предизвикуваат самите основи на нашата земја, предупреди Ишиба.

Во економска смисла, новиот јапонски премиер рече дека сака да ја зголеми минималната плата во просек за 40 отсто до 2030 година. Целта на мерката ќе биде да се ублажи ефектот од инфлацијата и да се стимулира растот.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Малолетник загина, а едно лице е повредено во сообраќајка синоќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Следно

Поплавени централни делови на повеќе градови во БиХ, најтешка состојбата во Јабланица

Latest from Blog

Министерството за спорт ќе ја поддржи јубилејната академија на ПК „Љуботен“

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со претставниците на Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, кој годинава одбележува импресивен јубилеј – 100 години од своето формирање. ПК „Љуботен“ претставува најстар активен

„THE RED APPLE“ -Зохран Мамдани со срп и чекан на насловната на New York Times

На насловната страница на денешниот „Њујорк пост“ пишува: „Социјалистот Мамдани ја доби градоначалничката трка. Црвено јаболко“. Во позадина, Мамдани е прикажан како држи чекан и срп, додека на небото над облакодерите се

Бојан Бојковски е нов претседател на Советот на Општина Битола

На конститутивната седница на Советот на Општина Битола, за нов претседател беше избран Бојан Бојковски од ВМРО-ДПМНЕ. Седницата ја водеше највозрасната советничка Јагода Талевска од Движењето ЗНАМ, а Бојковски беше единствениот предложен
Go toTop