Исчистен е патот кон манастирот „Св. Ѓорѓија“, во Прилеп се пренесени двете загрозени лица кои немале лекови

December 29, 2024
1 min read

Со помош на багер од фирмата „Фирмер Балкан“ синоќа е исчистен патот кон манастирот „Св. Ѓорѓија“ од снежните навеви, а двете загрозени лица кои немале лекови се безбедно пренесени во градот Прилеп, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Како што посочуваат, Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Прилеп вчера во 15:20 часот известил дека преку Единствениот повикувачки бројот за итни повици од страна на Управата на Манастирот „Св. Ѓорѓија“ од Прилеп е пријавено дека патниот правец кон манастирот во должина од два километра е со навеви од снег и е непрооден. Било посочено дека во манастирот во тој момент имало две лица кои немале редовна медицинска терапија и кои не можеле пеш да се симнат до патот Прилеп – Велес за да бидат земени и да бидат пренесени во градот.

-По комуникацијата на дежурните од ЦУК, според оперативните процедури, остварени со одговорните на ЈП за одржување на магистрални и регионални патни правци на пунктот за Прилеп, прво е добиена информација дека вчера машина чистела до месноста „Каменлом“ и дека била замината на расчистување на другите патни правци согласно планот и приоритетот за одржување на патните правци. Практично, во случајот, се работело за нерасчистен, завеан, тампониран пат во должина од два километра. До ЦУК информирале, во прво време, дека поради доцно пријавување и настапување на ноќта расчистувањето ќе се продолжи во текот на утрешниот ден. Двете лица во тој момент се наоѓале во манастирот, соопшти ЦУК.

Доцна попладнето, како што се посочува во соопштението, од страна на РЦУК Прилеп биле известени надлежни институции од Системот за управување со кризи (СУК) и било договорено дека од претпријатието „Фирмер Балкан“, популарно познато како „Турски рудник“,  ќе испратат багер и дека за 15 минути ќе почнат со расчистување на патот.

-Првично, се проценуваше дека патот ќе биде расчистен во вечерните часови и дека лицата ќе бидат пренесени во градот Прилеп. Тоа и се оствари, а официјалната потврда за брзата и правовремена интервенција е добиена утрово со редовниот извештај до ЦУК. Конкретно, сношти, со помош на багерот од фирмата „Фирмер Балкан“ патот кон манастирот „Св. Ѓорѓија“ е исчистен од снежните навеви, а лицата коишто немале можност да се пробијат низ завеаната делница од патот и немале лекови биле безбедно пренесени во градот Прилеп, се потенцира во соопштението од ЦУК.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Постапка против 10 лица за криумчарење возила – откриено е како ги внесувале во земјава и како ги регистрирале

Следно

Азербејџанскиот претседател Алиев побара од Русија да плати компензација за соборувањето на патничкиот авион

Latest from Blog

Поранешен влијателен пратеник на ДУИ му се приклучи на Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е

Шамбевски повикува на независна истрага за злоупотребите во СЈО

Сведоштвото на поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу, е едно од најсериозните и најдиректните откритија за тоа како функционирала злоупотребата на правосудниот систем во Македонија. Ова не е сензационализам – тоа е

ФФМ го трансформира македонскиот фудбал со сопствен ЛЕД екран од 210 метри

Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) направи значаен исчекор кон модернизација на стадионите и подобрување на спортската инфраструктура. Наместо изнајмување, федерацијата инвестираше во сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, што создава целосно ново

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари

Уапсена е Азар Мансури, лидерка на реформистичката партија, заедно со неколку други политичари, наведуваат медиумите. Иранска новинска агенција го потврди апсењето на четворица политичари, но не ги именуваше. Според агенцијата, политичарите се

Од визија до акција – Божиновска за улогата на жените во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се обрати на настан во рамки на проектот ELeVATE, посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за кариера во Net-Zero технологии,
Go toTop