Исак непоколеблив: Не се враќа на тренинг, чека трансфер

August 27, 2025
1 min read
фото: Just Bizarre Tactics (X)

И покрај состанокот кој го имал со првите луѓе на клубот, шведскиот напаѓач Александар Исак нема намера да го прекине бојкотот во Њукасл. Англискиот клуб не прифаќа да го продаде напаѓачот во Ливерпул, иако „црвените“ за него понудија 110 милиони фунти + бонуси.

Исак одбива да игра за „страчките“ и да тренира со тимот. Според „Телеграф“, шведскиот репрезентативец е непоколеблив во намерата да го напушти Њукасл и инсистира да оди во Ливерпул. Средбата меѓу директорите на „страчките“ и Исак не дала никакви резултати.

Се верува дека Ливерпул е подготвен да даде уште една понуда за напаѓачот, но чека сигнал од Њукасл Јунајтед. Сепак, „црвените“ нема да ги платат 150-те милиони фунти што претходно ги побараа луѓето од Њукасл.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Седници на шест комисии во законодавниот дом

Следно

Лефков до Апасиев: Димче не е тоа што беше, го расипа кешот и квадратите деловен простор

Latest from Blog

Том Круз предизвика низа шпекулации со чуден потег: Ненадејно го напушта Лондон

 Според странските медиуми, вработените во луксузната зграда во која се наоѓа пентхаусот на Круз во лондонскиот Најтсбриџ, вреден околу 47 милиони долари, биле изненадени од неговото ненадејно заминување во Соединетите Американски Држави.

Гугл се спогоди да плати 68 милиони долари поради шпионирање на корисниците

 Корисниците на „Гугл“ поднесоа тужба против компанијата поради тоа што неговиот „Гугл асистент“ (Google Assistant) нелегално ги шпионирал нивните паметни телефони снимајќи и пренесувајќи приватни разговори до огласувачите со цел да им

Инфантино му одговори на Блатер кој порача: Избегнувајте го САД за време на Светското првенство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер (89), ги поддржа апелите на навивачите да се држат настрана од натпреварите на Светското првенство во САД поради потезите на претседателот Доналд Трамп и неговата администрација.

30 лица загинаа во зимска бура: Нов бран студ ги погоди САД

Многумина во Соединетите Американски Држави се соочија со уште една ноќ со температури под нулата и прекини на електричната енергија откако силната зимска бура донесе нови снежни врнежи на североистокот во понеделник.

Кремаста кајгана – брз и вкусен појадок

Оваа кремаста кајгана е идеален избор за едноставен, а многу вкусен протеински појадок. Се подготвува брзо, со неколку состојки, а резултатот е меко, богато и ароматично јадење кое лесно може да стане
Go toTop