Ирски весник објави колумна напишана од вештачка интелигенција: „Страшно погрешивме“

May 15, 2023
1 min read

Авторката на колумната се вика Адријана Акоста-Кортез, која себеси се опишува како 29-годишна здравствена администраторка од Еквадор која живее во северен Даблин, а текстот е придружен со нејзина наводна фотографија

„Ајриш Тајмс“ (Irish Timesa) се извини за објавувањето на колумна која се чини дека е делумно „напишана“ од вештачка интелигенција (ВИ), во измама за која уредникот рече дека ги истакнува предизвиците со кои се соочува индустријата на весниците.

Руадан Мек Кормаик рече дека весникот „искрено жали“ што коментарот со наслов „Ирската женска опсесија со лажен тен е проблематична“ бил објавен во четвртокот наутро.

„Сега се чини дека написот и придружната фотографија на авторката можеби биле произведени, барем делумно, користејќи генеративна ВИ технологија. Тоа беше измама – личноста со која се допишувавме не беше она што таа тврдеше дека е. Станавме жртва на намерна и координирана измама“,

напиша вчера главниот уредник.

Авторката на колумната се вика Адријана Акоста-Кортез, која себеси се опишува како 29-годишна здравствена администраторка од Еквадор која живее во северен Даблин, а текстот е придружен со нејзина наводна фотографија.

Во написот се дискутирало за широката употреба на средства за лажни тен во Ирска. Во петокот попладне неколку луѓе на социјалните мрежи се запрашале дали се работи за вистинска личност проверувајќи ги фотографијата и името на авторката.

После тоа, текстот беше отстранет и заменет со зборовите:

„Текстот на овој напис е отстранет додека се проверува“.

Во писмото на уредникот објавено вчера, Мек Кормаик рече дека весникот станал жртва на намерна измама.

„Тоа беше прекршување на довербата меѓу Ајриш Тајмс и неговите читатели и навистина ни е жал. Инцидентот го истакна неуспехот во нашите процедури пред објавувањето. Мораме да ги направиме понепропустливи – и ќе го направиме тоа“.

Мек Кормаик рече дека инцидентот истакнал еден од предизвиците што вештачката интелигенција ги поставува за медиумските куќи.

„Ние, како и другите, ќе научиме и ќе се адаптираме“,

додаде тој.

Тој напиша дека „Ајриш Тајмс“ работи напорно за да произведе провокативни колумни кои „информираат, стимулираат и даваат нова перспектива за актуелните прашања“. Меѓутоа, во четвртокот весникот „страшно погрешил“, додаде тој.

„Објавивме онлајн колумна за мислење со наслов ‘Проблематична е опсесијата на жените од Ирска со лажен тен’, напишана од некој што се идентификуваше како млада имигрантка во Ирска… Во текот на неколку дена, ‘авторката’ соработуваше со редакцијата за да се разгледаат предлозите за промени, да се понудат лични анегдоти и да се обезбедат врски до релевантни истражувања. Сето ова беше земено со добра волја, а написот беше објавен на интернет во четвртокот наутро“,

изјави тој.

Мек Кормаик рече дека весникот дознал дека колумната можеби не е автентична помалку од 24 часа подоцна.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Велика Британија ќе испрати стотици нови беспилотни летала за напад со долг дострел во Украина

Следно

ХОРОТ НА „ТАНЕЦ“ УТРЕ ЗА ПРВПАТ ЌЕ ИМА КОНЦЕРТ СО СЛОВЕНСКО-ВИЗАНТИСКО ПЕЕЊЕ

Latest from Blog

Приватните превозници ни утре нема да возат по скопските улици

Приватните превозници и утре нема да возат, автобусите ќе останат во гаражите,  изјави вечерва, Јовица Зафировски, претставник на превозиците.  Одлуката е донесена на координацијата на превозниците кои  денеска попладне ги исклучија автобусите

Откажан Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, пропаднал тендерот за организација

Советот на министри на БиХ го откажа Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, бидејќи пропадна тендерот за организација на овој настан, потврдено е за Klix.ba. За организатор е избрана фирмата

Шукова, Чупеска и Костова се избрани за потпретседатели на СДСМ

Централниот одбор на СДСМ вечерва на седница на избра потпретседатели и генерален секретар на партијата. За генерален секретар на партијата е избран Александар Димитриевиќ, нови потпретседатели се Кристина Костова од Штип, поранешната

Поддржувачите на ПКК се судрија со полицијата во Лондон по апсењата во истрагата за тероризам

ЛОНДОН (АА) – Приврзаниците на терористичката организација ПКК денес се судрија со полицијата во лондонскиот кварт Харингеј, откако лондонската полиција уапси шест лица за поврзаност со сомнителни терористички активности поврзани со организацијата,

Што значи загрозена безбедност на јавните финансии? Објаснува Глигор Бишев

Претседателот на Фискалниот совет Глигор Бишев вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 објасни што конкретно значи за државата кога е загрозена безбедноста на јавните финансии. „Ние посочивме дека прекршени се фискалните правила
Go toTop