Иранскиот режисер Џафар Панахи е добитник на Златната палма во Кан

May 24, 2025
1 min read

Филмот „Тоа беше само несреќа“ на иранскиот режисер Џафар Панахи е добитник на Златната палма во Кан, на 78-от филмски фестивал. 

Филмот е трилер за група поранешни затвореници во Иран кои успеваат да го киднапираат чуварот наводно одговорен за нивно мачење во затвор.

Ова е негова петта награда на Филмскиот фестивал во Кан во повеќе категории. Со филмот „Тоа беше само несреќа“ претходно ги освои главните награди на Филмскиот фестивал во Венеција и на Берлинале. Панахи неколку пати е апсен во Иран поради неговите филмови.

Втората најважна награда на фестивалот, Гран при, му припадна на Јоаким Трир за неговиот филм „Сентиментална вредност“.

Наградата на жирито им беше доделена на „Звук на паѓање“ од Маша Шилински и „Сират“ од Оливер Лаксе.

Клебер Мендонса Фиљо ја освои наградата за најдобар режисер за „Тајниот агент“, додека „Воскресение“ на Би Ган ја доби Специјалната награда на фестивалот.

Надија Мелити ја освои наградата за најдобра актерка за нејзината улога во филмот „Малата сестра“. Вагнер Моура ја доби наградата за најдобар актер за „Тајниот агент“.

Наградата за најдобро сценарио им припадна на Жан-Пјер и Лук Дарден за нивниот филм „Млади мајки“.

Вечерва завршува 78. Меѓународен филмски фестивал во Кан, а со жирито претседаваше француската актерка Жилиет Бинош.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЗЛАТНАТА ПАЛМА ВО КАН ЗА ТРИЛЕРОТ „ТОА БЕШЕ САМО НЕСРЕЌА“ НА ИРАНСКИОТ РЕЖИСЕР ЏАФАР ПАНАХИ

Следно

Испиша историја: Ѓоковиќ ја освои 100-та титула во кариерата!

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop