Иранскиот претседател и министерот за надворешни работи загинаа во хеликоптерска несреќа

May 20, 2024
2 mins read

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси и неговите придружници, вклучително и министерот за надворешни работи Хосеин Амир -Абдолахиан, биле пронајдени мртви на местото на падот на хеликоптерот во северозападниот дел на Иран.

На 20 мај иранската државна телевизија објави дека хеликоптерот се урнал поради лошите временски услови.

Кабинетот на Раиси одржува итен состанок, објавија државните медиуми.

Иранскиот закон предвидува дека доколку претседателот умре, власта му се пренесува на првиот потпретседател.

Советот, кој го сочинуваат претседателот на парламентот, првиот човек на судството и првиот потпретседател, мора да организира избор на нов претседател во рок од 50 дена.

Сегашниот прв потпретседател на Иран е Мохамад Мокбер.

Екипите за пребарување и спасување, потпомогнати од неколку странски влади, трагаа по хеликоптерот откако тој падна во лоши временски услови во планинска област на земјата доцна на 19 мај.

Хеликоптерот на Раиси бил на пат кон градот Табриз кога се урнал во близина на градот Џолф во, како што рече државната телевизија „напорно слетување“, но неколку извештаи цитираат владини извори кои велат дека хеликоптерот се урнал додека преминувал планина и шумска област.

Иранската влада соопшти дека хеликоптерот бил еден од трите што летале во конвојот, а другите два наводно безбедно слетале во Табриз.

Ултраконзервативниот Раиси и Амир-Абдолахиан беа во Азербејџан претходно на 19 мај за да ја отворат браната со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, кој на платформата Х напиша дека Азербејџан е „длабоко вознемирен“ од веста дека хеликоптерот на Раиси се урнал.

Посетата беше организирана, јавува Асошиетед Прес и покрај заладувањето на односите меѓу Иран и Азербејџан по вооружениот напад врз амбасадата на Азербејџан во Техеран во 2023 година. Односите меѓу двете земји дополнително се оптоварени со дипломатските односи на Азербејџан со Израел.

Иран има значителен број хеликоптери, но меѓународните санкции ја отежнуваат набавката на делови за нив, пренесува Асошиетед Прес. Воената воздушна флота на Иран главно датира од периодот пред Исламската револуција во 1979 година.

Раиси беше избран за претседател во 2021 година и оттогаш ги заостри многуте ограничувања за Иранците со спроведување на законите за морал и крваво задушување на антивладините протести предизвикани од смртта на Макса Амини додека беше во полициски притвор за наводно кршење на строгиот кодекс на облекување.

Шеесет и тригодишниот Раиси претходно беше на чело на судството во земјата. Тој се смета за штитеник на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, а некои аналитичари сугерираат дека тој би можел да го замени 85-годишниот лидер по неговата смрт или оставка.

На претседателските избори во Иран во 2021 година беше забележан најмал одзив на гласање во историјата на Исламската Република. Раиси е под санкции од Соединетите Држави (САД) делумно поради неговата вмешаност во масовната егзекуција на илјадници политички затвореници во 1988 година на крајот на крвавата иранско-ирачка војна.

Под Раиси, Иран моментално збогатува ураниум и ги попречува меѓународните инспекции. Иран ја вооружи Русија во нејзината војна против Украина и изврши напад со беспилотни летала и ракети врз Израел во време на неговата војна против Хамас во Појасот Газа.

Иран го поддржува Хамас, кој САД и Европската Унија го прогласија за терористичка организација. Таа, исто така, обезбедува поддршка со оружје за прокси групи на Блискиот Исток, како што се Хутите во Јемен и Хезболах во Либан.

Извор: slobodnaevropa.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Одбојкарите загубија и од Чешка во Европската златна лига

Следно

Иранската државна телевизија: Претседателот Раиси и министерот Абдулахијан загинаа во хеликоптерска несреќа

Latest from Blog

Комуналец Прилеп продолжува со уредување и естетско обликување на градското зеленило

Екипите на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп продолжуваат со активностите за естетско кроење и обликување на зеленилото на повеќе локации во градот. Во рамки на акцијата се уредуваат зелените површини кај Споменикот на

Коњановски: ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ добива современи спортски терени

Започна реконструкцијата на спортските игралишта во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола, каде што ќе бидат изградени три нови модерни спортски терени. Увид во почетокот на градежните работи извршија градоначалникот на Општина Битола,

Комуналец Прилеп продолжува со уредување и обликување на градското зеленило

Екипите на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп продолжуваат со активностите за естетско кроење и обликување на зеленилото на повеќе локации во градот. Во рамки на акцијата се уредуваат зелените површини кај Споменикот на

Божиновска: Македонија добива модерен закон за обновливи извори на енергија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оцени дека со усвојувањето на новиот Закон за обновливи извори на енергија е направен историски чекор што ќе ја промени енергетската иднина на

Македонска берза со умерен пад на МБИ10

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 30.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.521,52 поени. Во однос
Go toTop