Иранската државна телевизија: Претседателот Раиси и министерот Абдулахијан загинаа во хеликоптерска несреќа

May 20, 2024
1 min read

ТЕХЕРАН (АА) – Иранската државна телевизија објави дека иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хусеин Амир-Абдулахијан загинале во хеликоптерска несреќа, пренесува Анадолу.

Нема знаци на живот на местото на падот на хеликоптерот во кој се наоѓаа иранскиот претседател Ебрахим Раиси и делегацијата, објави рано утринава иранската државна телевизија откако е откриена локацијата со помош на дронот Акинџи.

Хеликоптерот во кој беше иранскиот претседател Ебрахим Раиси, наводно, вчера извршил „тврдо слетување“ поради временските услови додека се враќал од церемонијата за отворање брана на границата со Азербејџан.

Заменик-гувернерот на Источен Азербејџан, Џабарали Закири, изјави дека два од трите хеликоптери во конвојот на Раиси слетале, а еден се урнал.

Во моментот на несреќата Раиси бил придружуван од министерот за надворешни работи Хусеин Амир-Абдулахијан, гувернерот на Источен Азербејџан, Малик Рехмати, и водачот на петочната молитва во градот Табриз, ајатолахот Ал-Хашем.

Поради тешките временски услови на теренот, Иран побара помош од Туркије, во чии рамки беше пратено беспилотното летало Акинџи, кое по пронаоѓањето на остатоците од хеликоптерот се врати на редовните задачи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Иранскиот претседател и министерот за надворешни работи загинаа во хеликоптерска несреќа

Следно

Иранската влада свика итен состанок по смртта на Раиси

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop