Иран пријави нов напад од Израел врз нуклеарната постројка Фордо

June 23, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Израел изврши нов воздушен напад врз нуклеарната постројка Фордо, јужно од иранската престолнина Техеран, соопштија иранските медиуми денес, јавува Анадолу.

„Пред неколку моменти агресорот повторно ја нападна нуклеарната постројка Фордо“, изјави портпаролот на Штабот за управување со кризи во провинцијата Квом.

Полуофицијалната новинска агенција Тасним го потврди нападот, но не даде детали за евентуалната штета.

Овој напад се случи само еден ден откако американските сили извршија воздушни удари врз три нуклеарни објекти во Фордо, Натанз и Исфахан.

Од 13 јуни, кога Израел започна ненадејна офанзива врз повеќе цели низ Иран, вклучително воени и нуклеарни објекти, двете земји се вклучени во воздушни судири. Како одговор на тоа Иран изврши одмазднички напади врз израелска територија.

Израелските власти соопштија дека досега најмалку 25 лица загинале, а стотици се повредени во иранските ракетни напади.

Според иранското Министерство за здравство, во офанзивата на Израел врз Иран досега се убиени најмалку 430 лица, а над 3.500 се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бараат повеќе паралелки, а не приемен тест – протест во медицинското училиште во Гостивар, тестирањето се бојкотираше

Следно

Прогласена вонредна состојба на грчкиот остров Хиос поради пожарите

Latest from Blog

Партијата на Путин убедливо победи на изборите на руската Државна дума

Според првичните резултати, владејачката „Единствена Русија“ освои најмногу гласови, додека втора беше Комунистичката партија на Русија. „Единствена Русија“ освои 57,54 отсто од гласовите според првите обработени податоци, соопшти Централната изборна комисија на

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за
Go toTop