Иран: Погубени тројца мажи поради насилство за време на минатогодишните протести

May 19, 2023
1 min read

ДУБАИ (АА) – Иран денес погуби тројца мажи обвинети за смртоносно насилство за време на минатогодишните антивладини протести и покрај приговорите на групите за човекови права, пренесува Анадолу.

Мизан, веб-страницата на правосудството, објави дека се погубени Маџид Каземи, Салех Мирхашеми и Саид Јагуби, без да наведе како се извршени смртните казни. Властите тврдат дека тие убиле полицаец и двајца членови на паравоената група Басиј во Исфахан во ноември, за време на протестите низ земјата.

Групите за човекови права наведуваат дека тројцата биле измачувани и принудени да признаат на телевизија.

Протестите во Иран избија во септември минатата година поради смртта на 22-годишната Махса Амини, која беше уапсена од државната полиција за морал во Техеран поради наводно кршење на исламскиот кодекс на облекување.

Иран погуби вкупно седум лица во врска со протестите. Групите за човекови права наведуваат дека овие луѓе биле осудени на смрт од страна на тајните судови на државната безбедност и дека им е ускратено правото да се бранат.

За време на протестите во Иран загинаа над 500 луѓе, меѓу кои и десетици припадници на безбедносните сили. Уапсени се околу 19.000 луѓе, а многу од нив потоа се ослободени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ердоган во пресрет на вториот круг од претседателските избори: „Искористете го вашето демократско право“

Следно

„Годар: Човекот-филм“ вечерва во МСУ како најава за 13. издание на Филозофскиот филмски фестивал

Latest from Blog

Влада на Косово: Односите со САД остануваат стабилни, ги поздравуваме критиките

На „Фејсбук“, Криезиу истакна дека Косово е „најсериозен партнер на САД за стабилност и мир во регионот“. Тој додаде дека Владата, по првпат од прогласувањето на независноста, го исполнила мандатот, придонесувајќи за

Првпат во Македонија: Пациентите добиваат лесно достапна ласерска интервенција за варикозни вени

(Скопје,13.09.2025) — Во Македонија од денеска е достапен третман кој претставува вистински напредок во понудата на медицински услуги – ласерска интервенција за аблација на варикозни вени. Станува збор за најсовремена технологија која

Меџити најавува револуција во Чаир: Над 760 илјади евра за нови улици и зелени површини

Населбата Топана во Чаир ќе добие значајни инвестиции од над 760 илјади евра за реконструкција на улиците и урбаната инфраструктура. Проектот вклучува нов асфалт, современи тротоари, целосно ново осветлување, паркинзи и зелени
Go toTop