Иран изврши напад врз американските бази во Катар и Ирак

June 23, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Иран започна воена операција врз американските бази во Катар и Ирак, известува Анадолу.

Иранската државна телевизија ИРИБ објави дека нападот, наречен „Добра вест за освојување“, бил насочен врз американската база Ал-Удејд во Катар.

Иранската новинска агенција ИРНА објави дека е извршен ракетен напад и врз американска база во Ирак.

Израелскиот печат тврди дека нападот што го започна Иран бил насочен врз американските бази во четири различни земји од Заливот.

САД сè уште не излезе со изјава по ова прашање.

Иранските вооружени сили дадоа писмено соопштение на оваа тема.

Во соопштението се вели: „Со одлука на Врховниот совет за национална безбедност на Иран и командата на Централниот штаб Хатамул-Анбија, Корпусот на Револуционерната гарда започна моќен и разорен ракетен напад врз воздухопловната база Ал-Удејд во Катар, во рамките на операцијата ‘Добра вест за освојување’.“

Во соопштението се повторува дека американскиот воен напад врз мирнодопските нуклеарни постројки на Иран е јасно кршење на меѓународното право.

Од друга страна, иранската државна телевизија тврди дека 3 ракети паднале врз базата Ал-Удејд.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Македонија го презеде претседателството со Управниот одбор на CEF

Следно

Ивановски со скок на АТП листата, Србљак го има истиот ранг

Latest from Blog

Низ САД се шири лесно достапна дрога- „хероинот од бензинска пумпа“ е посилна од фентанил

Америка се соочува со нова закана – супстанцијата 7-OH, која Администрацијата за храна и лекови (FDA) веќе ја прогласи за „следен бран на епидемијата на опиоиди“. Оваа хемикалија доаѓа од растението кратом,

АС: Реал ќе ги продава Чуамени и Камавинга

фото: Um Madridista @UmMadridistaa (X) Реал е подготвен да продаде еден од своите играчи од средниот ред за да ги покрие трошоците за трансфери.  Како што објави „Ас“, мадридскиот клуб размислува за

СТИГНА ОДГОВОР: Дали Германија ќе распореди сили во Ормуз?

Денес, германскиот министер за одбрана Борис Писториус ги намали надежите за евентуално брзо распоредување на германските сили како дел од евентуална воена операција за отворање на Ормутскиот теснец, објави денес „Тагешау“. Клучна
Go toTop