Иран ги предупреди САД за евентуално вмешување во израелските напади, повика на враќање на дипломатијата

June 21, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, денес предупреди дека вмешувањето на Соединетите Американски Држави (САД) во тековните напади на Израел врз Иран би било „многу неповолно“ и „исклучително опасно за сите“, јавува Анадолу.

Во разговор со новинарите во Истанбул пред 51-та сесија на Советот на министри за надворешни работи на Организацијата за исламска соработка (ОИС) во Истанбул, Арагчи рече: „Дипломатијата функционираше во минатото, може повторно да профункционира. Но, за да се вратиме на неа, агресијата мора да престане“.

Тој ја нагласи подготвеноста на Иран за мировни преговори, додавајќи: „Апсолутно сме подготвени за решение преку преговори, исто како во 2015 година“.

Иранскиот министер го обвини Израел дека се спротивставува на дипломатските напори: „Израел е јасно против дипломатијата“.

Тој повтори дека запирањето на непријателствата е предуслов за каков било дипломатски напредок.

Непријателствата избувнаа на 13 јуни кога Израел започна воздушни напади врз неколку локации низ Иран, меѓу кои и воени и нуклеарни објекти, што го натера Техеран да започне одмазднички напади.

Израелските власти соопштија дека најмалку 25 лица се загинати, а стотици се повредени во иранските ракетни напади оттогаш.

Во Иран, 430 лица се убиени, а над 3.500 се ранети во израелските напади, според извештаите на иранското Министерство за здравство.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ без кандидати во „Бастионите“ на ДУИ – Движењето ЗНАМ договара поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Следно

Предизвикувачко патување на илјадници овци кон високите пасишта во Турција

Latest from Blog

Објавена причината за смртта на режисерот Роб Рајнер и неговата сопруга!

Сега причината за смртта на холивудската двојка е официјално потврдена. Канцеларијата на судскиот обвинител на округот Лос Анџелес објави дека двојката починала од „повеќекратни повреди од тап предмет“, пишува Дејли меил. Познатиот

Божиновска: Македонија ја зајакнува енергетската инфраструктура и меѓународната соработка

Енергетската политика на Македонија се гради системски, врз основа на закони, институционални решенија и меѓународна соработка, порача министерката за енергетика Сања Божиновска по состанокот на Енергетската заедница. Како што информираше таа, на

Ролат од тиква и крем сирење

    Состојки: 60 грама брашно 100 грама мелени бадеми 1/2 лажичка прашок за пециво 1/2 лажичка сода бикарбона 1/2 лажичка цимет 1/2 лажичка мускатно оревче малку рум 3 јајца 100 грама кафеав
Go toTop