Иран егзекутираше уште двајца мажи поради протестите низ земјата

January 7, 2023
2 mins read

Двајцата егзекутирани мажи беа осудени на смрт на почетокот на декември минатата година. Врховниот суд ги потврди смртните казни, обвинувајќи ги за убиство на паравоен офицер по име Рухола Аџамијан на 3 ноември 2022 година

Властите во Иран соопштија дека денеска егзекутирале уште двајца демонстранти осудени за наводно убиство на паравоен офицер за време на демонстрациите кои ја зафатија земјата по смртта на 22-годишната Махса Амини која почина откако беше притворена од полицијата за морал во септември минатата година.

Мохамед Мехди Карами и Мохамед Хосеини

Двајцата егзекутирани мажи идентификувани од иранското правосудство како Мохамед Мехди Карами и Мохамед Хосеини беа осудени на смрт на почетокот на декември минатата година. Врховниот суд ги потврди смртните казни, обвинувајќи ги за убиство на паравоен офицер по име Рухола Аџамијан на 3 ноември 2022 година.

Обвинителите соопштија дека офицерот бил соблечен гол и убиен од група ожалостени кои присуствувале на комеморацијата за демонстрантката која била убиена во протестите во септември.

Карами и Хусеини ги негираа обвиненијата и рекоа дека биле мачени додека биле во затвор.

Двајцата немаа пристап до адвокат по нивен избор.

ОН и ЕУ ги повикаа властите во Иран да ги запрат егзекуциите

Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации Европската Унија (ЕУ) го повикаа Иран да ги запре сите егзекуции во земјата откако денеска двајцата мажи беа обесени.

„Жалиме за егзекуцијата на уште двајца демонстранти, по нефер судењата засновани на принудни признанија. Шокантно е што Иран продолжува да егзекутира демонстранти и покрај негодувањето на меѓународната заедница. Го повикуваме Иран да ги запре сите егзекуции“,

се наведува во твитер-објавата на ОН.

Европската Унија рече дека е „згрозена“ од егзекуциите, нарекувајќи ги „уште еден знак за насилната репресија на цивилните демонстрации од страна на иранските власти“.

„ЕУ уште еднаш ги повикува иранските власти веднаш да престанат со практиката на изрекување и извршување смртни казни против демонстрантите, што заслужува остра осуда“,

се вели во соопштението на ЕУ.

„ЕУ, исто така, ги повикува властите без одлагање да ги поништат неодамнешните смртни казни кои веќе беа изречени во контекст на тековните протести и да обезбедат соодветна постапка за сите затвореници“,

се додава.

Смртна пресуда им се заканува на уште најмалку 41 лице

Карами и Хусеини се двајца од вкупно четворицата егзекутирани демонстранти за кои се знае од почетокот на демонстрациите.

Првата егзекуција поради антивладините протести во Иран се спроведе на почетокот на декември, по што следеше и втората.

Според изјавите на иранските власти и од иранските медиуми во последниве месеци смртни казни добиле уште 41 демонстрант, но бројот може да биде многу поголем.

Според активистите за човекови права во Иран кои ги следеа протестите, најмалку 517 демонстранти се убиени, а над 19 200 луѓе се уапсени. Иранските власти, пак, не дадоа официјален број на убиени или приведени.

Протестите во Иран започнаа во средината на септември, кога 22-годишната Махса Амини почина откако беше уапсена од иранската полиција за морал, поради наводно кршење на строгиот кодекс на облекување на Исламската Република. Жените одиграа водечка улога во протестите, при што многу од нив јавно ја симнаа задолжителната исламска шамија, позната како хиџаб.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Да си ја чуваме татковината, ни порача Пендаровски за Божиќ

Следно

(ФОТО) Македонски државјанин фатен при шверц на 9,7 литри ракија и над 10 илјади кутии цигари во Хрватска

Latest from Blog

30.000 денари државна поддршка за приклучок или котел на гас – јавниот повик е отворен, Министерството ги повикува граѓаните да ја искористат можноста

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат директна финансиска поддршка за граѓаните и ги поттикнува инвестициите во поекономично, поефикасно и почисто греење. Во тек е

Хорор во Белгија: Фудбалер ограбен, а неговиот колега сними се (ВИДЕО)

Светот станува сериозно небезбедносно место. Кој би рекол дека ќе дојде време среде Брисел, белгиската престолнина во сред бел ден, професионален фудбалер во случајов на тимот на Ројал Унион да биде извлечен

Се зголемува бројот на загинаа во земјотресот што го погоди југозападниот дел на Јапонија

Според Премиерот Санае Такаичи, во земјотресот досега загинале 13 лица , тој воедно истакна дека спасувачите се во „трка со времето“. Спасувачките напори се во тек во трговски центар каде што многу

Делови од Скопје денес без вода и струја

Делови од Скопје денес (29 јули) ќе останат без водоснабдување и електрична енергија поради закажани интервенции на водоводната и електродистрибутивната мрежа, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на известувањата

Се огласи и Блатер: Инфантино многу се дружи со Трамп, никој нема право да ја продава нашата игра!

Поранешниот претседател на ФИФА Јозеф Блатер, кој долги години беше на претседателското столче во Светската куќа на фудбалот, се јави со коментар по шокантните најави дека ФИФА има план да продадва удели
Go toTop