ИОМ: Минатата година досега најсмртоносна за мигрантите – загинале 8.565 луѓе

March 6, 2024
1 min read

Меѓународната организација за миграција на Обединетите нации (ИОМ) денеска објави дека најмалку 8.565 лица загинале на миграциските рути во 2023 година, што ја прави минатата година најсмртоносна година за мигрантите.

Во соопштение ИОМ наведува дека „бројот на жртви во 2023 година претставува трагично зголемување од 20 отсто во споредба со 2022 година и укажува на итната потреба од акција за да се спречи натамошна загуба на животи“.

Пред 2023 година, најмногу мигранти загинале во 2016 година- 8.084.

Од ИОМ посочуваат дека најголем број мигранти и натаму умираат на маршрутите преку Медитеранот.

Минатата година во Средоземното Море беа регистрирани повеќе од 3.000 смртни случаи и исчезнувања.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Втора шанса за стратешките инвестиции и покрај несогласувањата

Следно

ДИК усвои Упатство за гласање на лица со попреченост

Latest from Blog

Беким Сали на отворањето на 4-та Балканска школа за педијатрија: Зајакнување на здравствените капацитети за децата

Во присуство на бројни здравствени експерти од регионот, денеска официјално започна 4-тата Балканска школа за педијатрија, значаен настан кој ги обединува педијатрите од различни земји со цел унапредување на знаењето и размената

Коњановски: Поголема поддршка за одвикнување од пушење во Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска имаше поздравно обраќање на работилницата посветена на зајакнување на активностите за контрола на тутунот и унапредување на услугите за одвикнување од пушење на локално ниво. Настанот

Ајвар, ќебапи и криптовалути во центарот на Скопјe: Binance носи мешавина од традиција и иновација

(Скопје, 25 март) – Binance, водечката светска берза за криптовалути по обем на тргување и корисници, ќе одржи уникатен настан „Камион со ќебапи“ во Скопјe, Македонија. Од 10:00 часот наутро до 16:00
Go toTop