Инцидент меѓу демонстрантите и полицијата на влезот на судот во Нови Сад

May 15, 2025
1 min read

Пред зградата на судот и обвинителството во Нови Сад утрово се собраа голем број граѓани и студенти, кои бараат ослободување на активистите на организацијата СТАВ и ПСГ, кои веќе два месеци се во притвор во затворот на Клиса, а на кои во вторникот на 13 мај им беше продолжен притворот за уште 30 дена.

На задниот влез на зградата, 50-тина вработени се обиделе да влезат во зградата, и таму се собрала исто така група граѓани, јави Н1. Тука дошло до инцидент, односно туркање меѓу припадниците на интервентната единица на полицијата, која се обидела да им овозможи на вработените да влезат, и собраните граѓани. Кога интервентната единица не успеала да им овозможи на вработените во судот да влезат, на помош им пристигнал голем број припадници на жандармеријата.

На граѓаните кои биле во првите редови им бил фрлен солзавец или бибер спреј, изјави за Н1 една студентка.

Еден граѓанин преку мегафон ѝ викал на полицијата:

„Немој на голорак народ, што правите, не на мирни граѓани“.

Граѓаните извикувале „Србија“ и „Пуштете ги сите“. Една студентка преку мегафон ги предупредила граѓаните дека пристигнува полициско засилување, кое ќе им пријде на граѓаните од грб, што предизвикало немир меѓу собраните.

Шестмина активисти и студенти на опозициското Движење на слободни граѓани (ПСГ) и организацијата Студенти против авторитарна власт (СТАВ) се во притвор веќе 60 дена откако се обвинети за обид за уривање на уставниот поредок, а судот во вторникот им го продолжи притворот за уште 30 дена.

Уште шестмина активисти на СТАВ се товарат за исто дело, а тие во моментот на апсењето се наоѓале во странство, каде што се и денес.

Сите се обвинети врз основа на аудио снимка од незаконски прислушуван разговор, кој беше емитуван на режимските телевизии на 14 март. Бранителите на обвинетите во повеќе наврати тврдеа дека Безбедносно-информативната агенција (БИА) разговорот го прислушувала незаконски и додадоа дека аудио снимката не може да биде правно валиден доказ во тој процес. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Британија сака да го намали бројот на илегални мигранти од Западен Балкан

Следно

ВМРО ДПМНЕ не го подржува Законот на СДСМ за Кочани

Latest from Blog

Работилница за гондола на Пелистер – Коњановски го поздрави учеството на домашни и странски експерти

Денеска се одржа 2-та работилница за изработка на физибилити студија за изградба на гондола на Пелистер. Се обрати и ги поздрави присутните градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој кажа дека ова е

Божиновска: Македонија забрзува кон зелена и праведна енергетска транзиција

Македонија има јасен план, силна институционална координација и конкретни чекори за забрзување на зелената транзиција, беше истакнато на денешниот координациски состанок на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција (JETIP). Министерката за енергетика,

Мицкоски: Предметите без кривично дело и докази мора да се затворат

Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека новиот државен јавен обвинител веднаш да пристапи кон расчистување на сите предмети и документи што со години стоеле во фиоките без разрешница. Тој вели дека предметите
Go toTop