Интернетот е во чудо поради „Јутјуб“ (YouTube) видео кое буквално не прикажува ништо. Тоа е видео со целосно празен екран, без слика и без звук, но има повеќе од два милиони прегледи за кратко време откако е објавено на 5 јануари.
Иако има многу необични и „празни“ видеа на YouTube, ова се издвојува по нешто уште побизарно – неговата должина. Според платформата, видеото е долго повеќе од 140 години, или 1.234.567 часа и 30 минути. За споредба, дури и повеќечасовните или десетчасовните видеа изгледаат незначајни во споредба со видео што ниту еден човек не би можел да го гледа до крај во својот живот.
Дополнително на мистеријата е фактот дека видеото е објавено од профил наречен „shinywr“ и дека насловот на клипот е само еден прашалник. Кога видеото се репродуцира, YouTube покажува дека всушност трае само околу 12 часа, што е уште една нелогичност што ги поттикна шпекулациите.
На социјалните мрежи и во коментарите брзо се појавија разни теории. Некои тврдат дека профилот е поврзана со Северна Кореја, што дополнително ја разгоре имагинацијата на корисниците, додека други веруваат дека станува збор за намерен експеримент или системска грешка.
Сепак, повеќето се согласуваат за едно нешто – овој клип на крајот ќе добие „митологија“. Како што коментираа некои, за десет години луѓето ќе зборуваат за него како за почеток на некоја голема интернет теорија на заговор, со забелешка дека за една деценија може да се гледа само четиринаесетти дел од целото „траење“ на видеото.
Извор: kurir.mk


