Интензивната сириска дипломатија на турскиот претседател Ердоган

December 14, 2024
2 mins read

АНКАРА (АА)

– Зафер ФАТИХ БЕЈАЗ

Претседателот Реџеп Таип Ердоган спроведе интензивна дипломатија по соборувањето на 61-годишниот режим на Баас во Сирија, пишува Анадолу.

Според анализата што ја направи новинарот на АА, претседателот Ердоган, кој по преземањето на функцијата на привремената администрација во Сирија вложува напори за обезбедување мир и стабилност во регионот, на 10 декември ја одржал првата средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

На средбата на која се разговарало за најновите случувања во Сирија, Ердоган рекол дека Туркије уште од првиот ден на граѓанската војна ја брани заштитата на територијалниот интегритет и стабилност на Сирија и дека земјата треба да биде управувана од сирискиот народ, и истакна дека Туркије ќе продолжи да прави сѐ што е во нејзина моќ за изградба на единствена Сирија која е исчистена од тероризмот.

Истиот ден претседателот Ердоган се сретнал и со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, кому му порачал дека Туркије ќе продолжи да го поддржува сирискиот народ со цел воспоставување трајна стабилност во Сирија.

По средбата со Алиев, Ердоган телефонски разговарал со премиерката на Италија, Џорџа Мелони, на која рекол дека последните случувања покажуваат колку е точна хуманитарната и совесна политика што Туркије ја води и дека Туркије продолжува да ги поддржува мирот, слободата, дијалогот и правдата во Сирија. Претседателот Ердоган во разговорот ја истакна важноста од зачувување на територијалниот интегритет и постигнување стабилност во Сирија.

Претседателот Ердоган ја информирал Мелони дека овој пат во Сирија се појавила и израелска агресија, која со таквиот став не придонесува за стабилноста на Сирија, потенцирајќи дека од суштинско значење е оваа сириските територии да бидат исчистени од терористичките елементи.

– Туркије ќе продолжи да дава силна поддршка за Сиријците да живеат во мир

Продолжувајќи со телефонската дипломатија, во вечерните часови претседателот Ердоган разговарал со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Ердоган ѝ рекол на Лајен дека Туркије ќе продолжи да му дава силна поддршка на сирискиот народ за Сирија да биде исчистена од терористички елементи, да се обезбеди нејзиното единство, да се зачува нејзиниот територијален интегритет и сите Сиријци, со сите нивни етнички и верски елементи, да можат да живеат во мир.

Последната средба претседателот Ердоган ја одржа со германскиот канцелар Олаф Шолц. На оваа средба Ердоган рекол дека новиот процес е важен за единството, солидарноста и територијалниот интегритет на Сирија и дека Туркије ќе продолжи да работи за Сирија да се исчисти од тероризмот.

Ердоган рекол дека приоритет на Туркије е создавање неопходни и потребни услови за да се олесни враќањето на Сиријците во својата татковина кои ја напуштија земјата поради граѓанската војна.

– Го прими американскиот државен секретар Блинкен

Претседателот Ердоган на 12 декември на аеродромот Есенбога го прими американскиот државен секретар Ентони Блинкен кој дојде во посета на Туркије. Ердоган на средбата истакнал дека неговата земја ќе преземе превентивни мерки против сите терористички организации, особено против терористичките организации ПКК/ПЈД/ЈПГ и ДЕАШ кои дејствуваат во Сирија и претставуваат закана за Туркије, пред сѐ заради сопствената национална безбедност.

Ердоган изјави дека Туркије, како единствена земја од НАТО која се борела гради в гради ДЕАШ, ќе ја спречи ПКК и нејзините ограноци да се обидат да ја искористат ситуацијата на теренот во Сирија и никогаш нема да покаже никаква слабост во борбата против ДЕАШ. Претседателот Ердоган истакна дека Туркије отсекогаш била посветена на заштитата на територијалниот интегритет и единството на Сирија и потсети дека се залага за зачувување на унитарната структура.

Ердоган посочи дека е потребна заедничка работа со меѓународната заедница за заживување и реконструкција на институциите во Сирија.

– Случувањата во Сирија

Процесот што доведе до соборување на 61-годишниот режим на Баас во Сирија започна на 27 ноември со интензивирање на судирите меѓу вооружените антирежимски групи и силите на Башар Асад.

Со поддршка на народот која им ја дадоа на групите кои почнаа да навлегуваат во главниот град Дамаск на 7 декември, режимот падна, губејќи целосна контрола над Дамаск и многу други региони, а соборениот лидер на режимот Баас, Башар ал Асад, побегна од главниот град. По соборувањето на режимот на Баас во Сирија, функцијата премиер на новоформираната привремена влада ја презеде Мохамед ал Башир.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Војна во Газа: Децата во Хан Јунис наставата ја следат на локалните гробишта

Следно

ВРЕДИ: Артан Груби ѝ направи ветинг на ДУИ!

Latest from Blog

„Македонска држава“ – прва дигитална библиотека за македонското историско наследство стартува на 8 септември

Првата дигитална платформа со електронски книги, историски документи и истражувања кои опфаќаат над 150 години македонска историја, култура, поезија и патриотско творештво почнува со работа на 8 септември, Денот на независноста. Станува

Македонските репрезентативци пристигнаа во Чешка пред контролниот натпревар со Саудиска Арабија

Македонската А репрезентација пристигна во Прага каде на 4 септември ќе одигра контролен натпревар против Саудиска Арабија во рамки на официјалниот ФИФА термин. Средбата ќе се одигра на стадионот „Викторија“ со почеток

Убиство на Детелинара: Маж избоден по расправија во кафеана

Во новосадската населба Детелинара, нешто после 23 часот, според неофицијални информации, се случи убиство пред едно угостителско локалче. Жртвата, според првите наводи, е маж. Инцидентот се одиграл на аголот меѓу улиците Јанка

Идеалната единаесетка на слободни агенти!

Заврши летниот трансфер-период, во кој англиската Премиер лига повторно беше главниот двигател. Трите најскапи трансфери (Александер Исак, Флориан Вирц и Хуго Екитике) ги реализираше Ливерпул, а осум од десетте најголеми зделки носеа

Русија изврши целосен воздушен напад врз Украина во текот на ноќта

Русија синоќа започна целосен воздушен напад врз Украина, во кој беа повредени најмалку четворица железнички работници, а поради што Полска крена воени авиони, објавија денес украинските и полските власти. Единиците за воздушна
Go toTop