Институционален “пинг-понг“ за разрешување на Димитровска, Мицкоски вели – да не се прави “естрада“ со случајот

July 21, 2025
1 min read

Естрада и политиканство, вака премиерот Мицкоски ги коментира барањата за разрешување и оставка на првата антикорупционерка Татјана Димитровска која се уште не поднела ниту допис за оставка до Собранието каде што беше именувана, а се сомничи за издавање на службена тајна.

Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања дали размислуваат во Собранието да покренат иницијатива за нејзино разрешување само посочи дека било крајно време да се стави крај на естрадата и дека има два начини за одговорност морална и онаа преку судските инстанци кога ќе докажат. Обиди преку собрание вели се покажале како неуспешни  откако се гласаше интерпелација за членовите на судскиот совет и за тоа вели надлежните институции треба да се остават да постапуваат. 

Со сличен синхронизиран став денеска и собранискиот спикер Гаши кој на брифингот со новинарите посочи дека додека нема правосилна судска пресуда Собранието не може да дискутира за  одговорноста на првата антикорупционерка освен во делот на етиката и моралот но за тоа потребно е  иницијатива од  некој од пратениците и тоа најпрвин на комисијата за избори и именувања. 

Африм  Гаши Претседател на Собрание на Р.С.М 

– Треба да има правосилна судска пресуда. Како што знаете, процедурата е пропишана во Деловникот и за тоа ќе одлучува Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Значи, ако има било каква постапка, треба да се отпочне од таа Комисија. И ако тие одлучат можат да донесат каква било одлука. За разрешување, тие треба да донесат одлука  па тоа да се процесира на пленарна седница. Што и да одлучи Комисијата, јас ќе го процесуирам во пленарна седница. 

ТВ 24 се обиде да стапи во контакт и со претседателот на комисијата за избори и именувања Ѓоргија Сајковски но не одговори на нашите повици. Од пратеничката група на Левица пак денеска најавија дека тие ќе ја иницираат оставката односно дека ќе достават предлог за разрешување на Димитровска во законодавниот дом и дека не дозволено е Собранието да биде пасивно во една ваква ситуација. 

Претседателот на собранието Гаши пак меѓудругото додаде дека законските услови не се исполнети се уште за собранието да расправа и дека не може тоа надвор од закон да се прави . Сепак посочи дека комисијата си има пратеник кој ја води  и има правилник за работа но и дека мора внимателно да се постапува во вакви ситуации за да не се прекршат законите и процедурите.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Милев: Ја подигаме формата за дуелот со Грција

Следно

Автобус на ЈСП се запали во движење, возачот хоспитализиран на Токсикологија

Latest from Blog

Rina Ajdari u përgjigjet deputetëve të VLEN-it

Deputetja dhe koordinatorja e grupit parlamentar të BDI-së, Rina Ajdari gjatë seancës së sotme të parlamentit u është përgjigjur deputetëve të VLEN-it dhe kryeparlamentarit Afrim Gashi, duke i akuzuar ato se kanë

Иран ја повика Германија и бара објаснување за американската воздушна база Рамштајн

Во меѓувреме, Иранската револуционерна гарда тврди дека успеала да оштети американски борбен авион Ф-35 за време на борбена мисија, објавува Ал Џезира. Иран бара појаснување од Германија. Амбасадорот на Иран во Германија,

Мисајловски: Иницираме постапка како да им помогнеме на сите војници што имаат 45 години и треба да заминат во пензија

Министерството за одбрана работи на решение со кое би им се помогнало на војниците кои по навршување на 45 години треба да ја напуштат службата, најави министерот за одбрана Владо Мисајловски во

Mакрадули: Партијата, државта не се простор за тивки климања со глава, туку за одговорни луѓе кои размислуваат, создаваат и придонесуваат

Случувањата деновиве во СДСМ, единствената партија во која се вградувам, како и ФБ меморијата ме вратија години наназад, во далечната 2013 година. (На сѐ уште најдобарата конвенција на СДСМ). Тогаш, по 24
Go toTop