Иницијаторите за смена на Димевски не успеаја да обезбедат кворум

February 6, 2024
1 min read

Не успеа обидот за организација на Вонредно собрание на МОК на кое од т.н Иницијативен одбор најавија промена на актуелното раководство на Македонскиот олимписки комитит (МОК) и Даниел Димевски.

На средбата беа присутни 28 федерации, односно 28 од 61 делегати. За да се одржи седница за смена на Димевски, недостасуваа тројца делегати.

Собирот воопшто не започна, не се разговараше по точките на дневниот ред, меѓу кои беа смена на Димевски и избор на негов наследник.

Редовното изборно собрание на МОК е закажано за 8 февруари во Спортскиот центар „Јане Сандански“. Единствена кандидатура за нов мандат на чело на МОК поднесе актуелниот претседател – Даниел Димевски. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЛАДИМИР АНГЕЛОВ ОД КИНОТЕКАТА Е НОВ ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ, ОДЛУЧИ ВЛАДАТА

Следно

ВО ОЧИТЕ ГО НЕМА ТОЈ СЈАЈ, А ЛИЦЕТО МУ Е БЛЕДО – ова е последната фотографија на Чарлс пред да се открие дека има рак

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop