Инфантино реагираше на расистичките навреди упати кон англиска фудбалерка Картер

July 21, 2025
1 min read

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, одговори на расистичките навреди на дефанзивецот на женската репрезентација на Англија, Џесика Картер, за време на Евро 2025 кое се игра во Швајцарија.

– Длабоко сум тажен што гледам онлајн навреди насочени кон фудбалерката на женската репрезентација на Англија, Џес Картер, за време на тековното Европско првенство за жени. Расизмот нема место во фудбалот или во општеството.
Ние стоиме зад Џес. Ние стоиме зад секој играч и секоја личност која претрпела расистичка злоупотреба. Ниеден играч не треба да биде дискриминиран на кој било начин и треба да биде слободен да се покаже најдобро што може на теренот.

Помогнавме во борбата против таквата злоупотреба на многу турнири преку Службата за заштита на социјалните медиуми на ФИФА. Ќе продолжиме да соработуваме и да ги поддржуваме конфедерациите на ФИФА, здруженијата членки и нивните играчи. Ќе поддржиме секоја понатамошна акција и ќе помогнеме во преземањето соодветни мерки против сите прекршители, напиша Инфантино на социјалните медиуми.

Фудбалерката која има 27 години, е родена во Англија од татко Афроамериканец и мајка Британка. Картер е европски шампион (2022) и освојувач на сребрен медал на Светското првенство (2023).

Картер вчеравечер соопшти дека била жртва на расистичка злоупотреба на социјалните медиуми за време на ЕП.

Англија утревечер (21 часот) ќе се соочи со Италија во полуфиналето на Европското првенство 2025 за фудбалерки.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Палестински деца на Западниот Брег протестираа против израелските напади

Следно

Активни четири пожари, три се под контрола, а 15 се изгаснати

Latest from Blog

Костовски отвора ново поглавје во Бутел: Модерна градинка за 70 деца во Визбегово

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска потпиша договор за обезбедување финансиски средства за изградба на нова детска градинка во населбата Визбегово, во општината Бутел. Според Костовски, новиот објект ќе се гради

Тоневски: Детската градинка во Пробиштип добива зголемени капацитети

Градоначалникот Тони Тоневски денеска потпиша Договор за грант во Министерството за социјална политика, демографија и млади за унапредување на пристапот до квалитетно предучилишно образование и грижа за децата, во висина од 12.500.000

Проданоски: За сите проекти граѓаните ќе добиваат навремени и точни информации

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска одржа брифинг средба со претставници на медиумите, на која заедно со директорите на јавните претпријатија и општинските установи се разговараше за актуелните теми поврзани со работењето
Go toTop