Индија станува најмногубројна земја на светот: Бројката на населението ќе расте до 2064 година

May 7, 2023
3 mins read

АНКАРА / ПЕКИНГ (АА)

– Шејма УЗУНДЕРЕ / Емре АЈТЕКИН

Најмногубројните земји на светот, Индија и Кина, се наоѓаат на историска раскрсница на која ќе се движат во различни правци од аспект на растот на бројката на население. Според проценките на Обединетите нации (ОН), Индија стана најмногубројна земја на светот, претекнувајќи ја Кина по бројот на население од април 2023, известува Анадолу.

Од ОН информираат дека бројката на население на Индија ја надминала Кина за првпат во 1950 година, кога Кина почнала да го следи растот на населението. Во соопштението се укажува на различните трендови на населението на двете земји со популaција над 1,4 милијарди, кои сочинуваат една третина од светската популација во последните 70 години.

Додека кинеската популација, која од минатата година за првпат е во пад, влезе во процес на апсолутен пад, растот на бројката на Индија, која оваа година надмина 1,4 милијарди, ќе го продолжи овој тренд до 2064 година.

Кина и Индија, кои се најмногубројните земји на светот уште од падот на Римското Царство во Европа во петтото столетие, во последните децении воведоа различни методи за контрола на прирастот и сега Кина бележи пад, а Индија раст на бројката на население.

– Праг на обнова на населението

Според анализата што ја спроведе Одделот за економски и социјални прашања на ОН, популацијата на Индија оваа година достигна бројка од 1.425.775.850, надминувајќи ја Кина, која има тренд на пад откако минатата година го достигна својот врв од 1.426.000.000.

Бидејќи Владата на Њу Делхи планира да одржи попис на населението во 2024 година, бројките за Индија се темелат врз предвидувања и проекции, а не врз службени податоци.

Што се однесува до стапката на плодност, Кина и Индија беа речиси исти во почетокот на 1970-тите години. Стапката на раѓање по жена тогаш изнесуваше 5,8 во Кина и 5,5 во Индија. До крајот на 1970-тите, стапката на плодност во Кина падна на 2,7, а во Индија остана висока на 4,8.

Додека Кина има една од најниските стапки на плодност со 1,2 раѓање по жена во 2022 година, Индија сѐ уште има две раѓања по жена, што се смета за праг на обновливост на населението.

Популацијата на Кина го досегна својот врв во 2022 година, а се предвидува дека Индија ќе го досегне својот врв дури во 2064 година. Двете земји следат исклучиво различни патишта од аспект на демографската промена во модерното време, во кое очекуваниот животен век се зголемува, а семејствата се намалуваат.

Во Кина политиката за „едно дете“, што се спроведува во практика од раните 1990-ти години, беше ефикасна во намалувањето на стапката на растот на населението. Во тој контекст, на кинеските семејства им е дозволено да имаат само едно дете, а исклучоци има за малцинските етнички групи.

Политиката што се спроведуваше речиси една генерација, ажурирана е откако стапката на растот на населението почна да опаѓа. Во 2016 година границата на раѓање е зголемена на две за паровите кои се од семејство со едно дете, а од 2021 година донесен е закон со кој на сите семејства им е дозволено да имаат три деца.

Индија за првпат воведе програма за планирање на семејство во 1952 година, а во 1976 на сила стапи националната политика за популација.

Различните патишта на популациската политика во текот на годините влијаеја на распределбата на населението по возрасни групи.

Во двете земји популацијата на младите и децата до 25 годни во 70-тите години беше „најголема“ со учество од приближно 60 %, додека популацијата над 65 години беше „најмала“ популација со учество од приближно 4 %.

Остриот пад на стапката на плодност во Кина од 1970-тите години доведе до помал удел на населението под 25 години денес отколку во Индија. Популацијата меѓу 25 и 64 години во Кина е речиси двојно поголема од популацијата под 25 години, а тоа е само 20 % повеќе во Индија.

Додека брзото зголемување на работоспособното население е двигател на брзиот економски раст во Кина, се очекува дека оваа група во годините што следуваат да се намали.

– Да се инвестира во образование и здравство

Во Индија се предвидува дека промените на работоспособното население ќе се одвиваат поспоро и дека ова население ќе продолжи позитивно да придонесува за економскиот раст сè до средината на ова столетие.

Експертите на ОН ја нагласуваат важноста од поголемото инвестирање во образованието и здравството за младата и возрасна популација, поефективните политики за вработување и создавањето повеќе работни места за жените.

Кина, од друга страна, како излез ја гледа индустриската трансформација базирана на автоматизацијата, вештачката интелигенција и напредните технологии, како и политиките што го поттикнуваат растот на популацијата, против намалувањето на работната сила.

Податоците на ОН покажуваат дека во периодот од 2023 до 2050 година во Кина двојно ќе се зголеми популацијата над 65 години. Тој раст ќе биде повеќе од два пати поголем во Индија, а ваквата ситуација може да создаде товар врз здравствениот систем и системот на социјално осигурување.

Населението над 65 години претставува 14 % од вкупното население на Кина и 7 % во Индија. До 2050 година оваа популација се очекува да достигне 30 % од населението во Кина и 15 % во Индија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку шестмина загинати и девет повредени во руските напади на украинските градови Харков и Херсон

Следно

Во Србија од утре засилени полициски патроли во училиштата, трговските центри, плоштадите и парковите

Latest from Blog

Петнаесет години од објавувањето на првиот број на македонскиот весник “Илинден“

Пред петнаесет години, на 1 март 2011 година, првиот број на македонскиот весник “Илинден“ беше објавен како двоен број (март/април). Македонскиот весник “Илинден“ е весник на Македонско друштво “Илинден“-Тирана. Македонскиот весник “Илинден“

Велика Британија тврди дека Иран истрелал две ракети кон Кипар, во она што би бил прв ирански ракетен напад врз Европа

– Прилично сме сигурни дека тие не беа насочени кон нашите бази – рече Хили во интервју за Скај Њуз. Велика Британија има две големи суверени базни подрачја на Кипар. Истовремено, „тоа

Клиниката за кардиологија и Клиниката за кардиохирургија ќе се спојат во една здравествена уставнов

Клиниката за кардиологија и Клиниката за кардиохирургија ќе се спојат во една здравествена уставнова, одлучи Владата на последната седница по предлог на Министерството за здравство. Како што велат од Министерството, оваа одлука

Познато е кој ќе профитира: Ова е планот на ФИФА ако Иран се откаже од Мундијалот!

фото: Football Tweet (X) Иран „многу веројатно ќе се повлече од Светското првенство“, според иранските медиуми. Веста ја објави „Техеран тајмс“, како и бројни светски портали. Иран се квалификуваше за Светското првенство
Go toTop