Индекс на Фридом хаус: Македонија делумно слободна земја

February 29, 2024
1 min read

Глобалната слобода продолжи да се влошува и во 2023 година, што е тренд кој трае 18 години по ред, соопшти „Фридом хаус“ во најновиот годишен извештај „Слободата во светот“. Македонија останува во категоријата делумно слободни земји во друштво со Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Унгарија, Украина и Молдавија. Најголем пад за последниве десет години од државите во регионот имаат Србија која бележи пад за 21 поен, како и Босна и Херцеговина со намалување на 10 поени.

Според „Фридом хаус“ клучни двигатели на глобалниот пад се изборните  манипулации, војни и напади врз плурализмот. Речиси 38 отсто од луѓето во светот сега живеат во земји оценети како неслободни, 42 отсто живеат во делумно слободни земји и само 20 отсто живеат во слободни земји.

Глобалната слобода направи голем чекор наназад во 2023 година. Светот се соочува со уште еден клучен тест во 2024 година, бидејќи милијарди луѓе се упатуваат на гласање, како и заради повеќето вооружени конфликти, вклучително и во Источна Европа, Јужен Кавказ и Блискиот Исток, на поголем дел од глобалното население ќе им бидат ускратени основните слободи во годините што следат, што на крајот ќе влијае на мирот, просперитетот и безбедноста, рече мајкл Џеј Абрамовиц, претседател на „Фридом хаус“.

Руската инвазија на Украина продолжи втора година, предизвикувајќи поинтензивна репресија во Русија.негирањето на политичките права и граѓанските слободи на спорните територии ја повлече слободата во одредени земји, вклучително и некои демократии, посочува „Фридом хаус“.

Репресијата на спорните територии во голема мера беше извршена од автократски режими, но демократски избраните влади на израел и индија придонесоа за кршењето на основните права на западниот брег и појасот газа и во кашмир под индиска управа, се вели во извештајот.

Оваа година ќе биде клучна за демократските општества и нивните напори да ја унапредат каузата за слобода низ целиот свет. Задржувањето на правата на оние на спорните територии, зајакнувањето на заштитните огради за слободни и фер избори и брзото реагирање кога антидемократските лидери се обидуваат да ги соборат избраните влади се само дел од активностите што мора постојано да се преземаат за да се запре глобалниот пад – изјави Јана Гороховскаја, коавторка на извештајот и истражувачка директорка за стратегија и дизајн на „Фридом хаус“.

„Фридом хаус“, меѓу другото препорачува да се обезбеди стабилна поддршка и флексибилно финансирање на оние кои се на првите линии на борбата против тиранијата, да се почитуваат правата на луѓето кои живеат на спорни територии, да се заштитат слободните и фер избори во 2024 година, доследно да се реагира на обидите за соборување на демократски избраните влади, како и да се заштитат активистите за човекови права во егзил. Слободата во светот вклучува резултати и детални извештаи за политичките права и граѓански слободи за 195 земји и 15 територии низ целиот свет.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ќе го вратат ли војните задолжителниот воен рок?

Следно

Училиштата и градинките ќе плаќаат 35 отсто поевтино парно

Latest from Blog

Андоновски: Првпат ќе промовираме владин центар за одговор на сајбер инциденти

Владин центар за одговор на сајбер инциденти ќе биде промовира во првата половина од наредната година, најави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. -За многу скоро. Веќе завршуваме со дел од

ФФМ: Пласманот на Шкендија е голем успех за македонскиот клупски фудбал

Фудбалската федерација на Македонија и нејзиниот претседател Масар Омерaгиќ упатија честитки до фудбалскиот клуб Шкендија за изборениот пласман во елиминациската фаза од УЕФА Лигата на конференции. Од ФФМ оценуваат дека остварениот успех

САРАЕВО ЛИ Е ИЛИ СЕПАК НЕ Е? Толку е загадено што луѓето залутале по пат до дома

Маглата е главна но, не и едниствена важна последица на загадувањето што се акумулира во сараевскиот басен со децении. Нивото на токсични честички PM2.5 повремено го надминува дозволеното ниво за десет пати.

Чешка има нов фудбалски селектор

Репрезентацијата на Чешка, потенцијалниот наш ривал на патот кон Мундијалот во САД, Канада и Мексико следното лето има нов селектор. Се работи за искусниот Мирослав Коубек, кому му е доделена одговорноста да

Како до поквалитетни јавни услуги: Отворена панел-дискусија во Битола

Јавните претпријатија како клучен сервис на граѓаните беа во фокусот на панел-дискусијата „Како до подобри услуги за граѓаните“, организирана од Советот на Општина Битола и Општина Битола, со цел отворање транспарентен дијалог
Go toTop