Името на Џон Малкович се впишува во богата историја на „Охридско лето“

July 27, 2023
1 min read

На големата сцена на Античкиот театар во Охрид вчеравечер во рамките на 63. „Охридско лето“ настапи славниот американски актер Џон Малкович во театарската претстава „Пеколна комедија: Исповеди на сериски убиец“.

Брилијантната и долгоочекувана изведба на славниот Малкович предизвика бурни овации и ракоплескање кај публиката и сигурно ќе остане редок настан за паметење кој понуди магичен амбиент и уникатност, збогатувајќи ја реномираната фестивалска историја на „Охридско лето“.  Во авторство и во режија на Михаел Штурмингер, ова несекојдневно уметничко остварување, музички придружено од сопранистките Чен Реис и Сузан Лангбеј и Оркестарот на Виенската академија, ја спои класичната музика со драмската уметност и актерството. 

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска ја проследи вчерашната претстава и истакна дека е ова редок спектакл, а впечатоците од сценската изведба кај публиката се незаборавни и тоа очекувано ја потврдува уметничката големина на Малкович преку неговата маестрална глума. Таа упати благодарност до директорката и до тимот на „Охридско лето“ за нивната истрајност и професионализам, доследно да одговорат на предизвикот да се биде домаќин на една од најголемите и најславни светски ѕвезди. 

Пред почетокот на ова психолошка театарска драма, пред публиката се обрати директорката на оваа културна институција, Наташа Поповиќ, која рече дека „Охридско лето“ е поттик, секоја следна година да биде поголемо и позначајно, да се дополнува и да се надградува со нови креативни соѕвездија кои го обележуваат местото на фестивалот како најпрестижна уметничка сцена, но и како препознатлив уметнички симбол насекаде во светот. Поповиќ упати благодарност до Амбасадата на САД во Република Македонија, до Министерството за култура и до сите помагатели на фестивалот за исклучителната можност да уживаат во проектот со светски познатиот актер Џон Малкович. 

Заменик-амбасадорот на САД, Ерик Мејер, кажа дека една од најважните движечки сили на меѓусебната врска на САД и Македонија е  живата улога на културата која ги збогатува нашите заеднички цели.  

 Би сакал да ѝ се заблагодарам на директорката Наташа Поповиќ и да ѝ честитам за прекрасниот фестивал годинава. Ви благодарам за честа и можноста што ми ја дадовте да  најавам  голема симбиоза на два многу важни културни ентитети овде, во Охрид. Од една страна, овој неверојатен Антички театар во кој се наоѓаме, сцената на „Охридско лето“, една од најважните културни знаменитости во Македонија. И од друга страна, американската мегаѕвезда и културна икона, господинот Џон Малкович. Негувањето и зацврстувањето на врските меѓу нашите народи се неопходни за работата што ја вршиме во Американската амбасада, всушност овие врски се толку важни што ги сметаме за столбови на стратегискиот дијалог меѓу САД и Македонија, заедно со регионалната соработка, одбраната и безбедноста, спроведувањето на законите, трговијата, инвестициите и енергијата − истакна Мејер

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Овој јули веројатно ќе биде најтопол во историјата

Следно

Приведени 19 бугарски навивачи: Биле насилни на натпреварот, дел од нив нападнале полицајци

Latest from Blog

Соработката со САД во фокусот на средбата на Николоски и Варнс

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, денес оствари работна средба со вршителката на должност амбасадор на САД во Македонија, Никол Варнс. На средбата се разговараше за реализирање на капиталните

Проданоски на Денот на бакалите: Поддршка за дуќанџиите и еснафот продолжува

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, присуствуваше на Божествената Литургија во храмот „Св. Благовештение“ по повод празникот на Светите Три Светители – Јован Златоуст, Василиј Велики и Григориј Богослов, кој народот го познава

Општина Битола бара доставувачи за решенија и покани за данок на имот

Општина Битола го објави јавниот повик за работно ангажирање на 15 лица невработени со средно образование кои ќе вршат доставување на решенија и покани за данок на имот до граѓаните. Работното ангажирање

Петрушевски: Дали по насока на Заев и Филипче е донесен Правилникот за медицински канабис кој дозволува одгледување на марихуана на нива спротивен на Закон?

Владата на СДС во 2023 година донела измени на Правилникот за одгледување на канабис за медицински цели кој е во спротивност со законот кој го регулира ова прашање, рече на денешната прес-конференција
Go toTop