Имер Селмани во „Summer Click“ – „ДУИ нема да биде иста без Изет Меџити“

August 21, 2023
1 min read

реклама



Новите партии треба да се шират на целата територија на државата. Ова во SummerClick го изјави поранешниот вицепремиер Имер Селмани. Според него, Демократското движење на Изет Меџити несомнено ќе и наштети на ДУИ бидејќи токму ДУИ била многу моќна во општина Чаир.

„Во последниве две децении ДУИ секогаш беше најмоќна во Чаир. Во околината на Скопје, во Сарај. Така што ДУИ дефинитивно не е иста, нема да биде иста без Изет Меџити и луѓето што се околу Изет Меџити. Но, сепак велам дека мора да се види распространетоста бидејќи само Чаир има свое влијание, можеби на локалните избори. Но, на парламентарните избори се брои секој глас, во секое село во секое ќоше од нашата држава“, вели Имер Селмани.

реклама

Селмани со ист став е и за Европската демократска партија на Арјанит Хоџа. Според Селмани, и оваа партија во наредниот период треба максимално да го прошири своето влијание на државно ниво. А кога сме кај новите партии, коментирајќи ја изјавата на првиот човек на Алтернатива Африм Гаши дека ДУИ во секоја партија има свои инфилтрирани луѓе, Селмани вели дека тоа е премногу конспиративно.

„Многу е конспиративно да се каже дека ДУИ има инфилтрирано луѓе во секоја политичка партија. Ова може да се сфати како нефер игра, но од друга страна, тоа е и слабост на актуелните политички партии кои и дозволија на ДУИ евентуално да има такви инфилтрации. Мислам дека не е таква ситуацијата. Не можат така да работат заедно затоа што се формира политичка партија, ќе однесам пет луѓе таму, десет луѓе таму, дваесет луѓе таму и во вистински момент тогаш ќе ги повлечам“, порача Имер Селмани.

реклама

Инаку, новите партии, како Демократското движење и Европската демократска партија, се убедени дека во иднина ќе докажат дека ваквата одлука за отворање партии била правилен чекор бидејќи ќе работат во интерес на граѓаните на земјата. И двете партии се проевропски.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„ТЕЛО“ НА СЕЛИШКАР ВЕЧЕРВА СО МАКЕДОНСКА ПРЕМИЕРА НА МАКЕДОКС

Следно

Јунајтед објави детали за судбината на Гринвуд на „Олд Трафорд“

Latest from Blog

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

„Од овој момент, ја прогласувам ракетната доминација на синовите на Иран над небото на окупираните територии“, објави командантот Сејед Маџид Мусави на социјалната мрежа Икс. Тој додаде дека „новите тактики и системи
Go toTop