Илјадници луѓе меѓу кои и деца умираат од глад во појасот Газа

July 24, 2025
1 min read

Голем дел од населението во Појасот Газа умира од глад. Околу 2 милиони луѓе заробени во воената зона на Појасот Газа се соочуваат со уште еден убиец, покрај бомбите и куршумите, умирањето од глад, изјави Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Гебрејесус.

Тедрос Гебрејесус – генерален директор на СЗО

„Не знам како поинаку би можеле да го наречете тоа освен дека луѓето масовно умираат од глад, и тоа е вештачки предизвикано. Тоа е многу јасно, и тоа е поради блокадата што ја воведе Израел“.

Палестински новороденчиња умираат затоа што нивните мајки од глад го губат млекото. Дури и медицинските лица, кои се обидуваат да ги лекуваат неисхранетите во болницата „Шифа“ во северна Газа, се толку гладни и болни што некои се онесвестиле и морале да им се даваат течности, објавува британскиот весник „Индипендент“.  Директорот на болницата „Шифа“, изјави дека најмалку три деца починале од неисхранетост само на неговите одделенија.

Мохамед Абу Салмија – дир. На болницата „Шифа“

„Децата пристигнаа во критична состојба. Беа само кожа и коски. Сите нивни витални органи откажуваа. Беа на самиот крај. Немаше формула. Немаше храна“. 

Палестинските здравствени власти велат дека најмалку 111 лица починале од глад вклучувајќи 80 деца, повеќето од нив во последните недели, а 10 само во последните 24 часа. Дури и луѓето кои се обидуваат да добијат храна на пунктовите за помош ги ризикуваат своите животи. Канцеларијата за човекови права на ОН соопшти дека израелските сили убиле повеќе од 1.000 Палестинци, кои се обидувале да добијат храна во Појасот Газа од мај. Израел е под сè поголем меѓународен притисок поради тешката хуманитарна ситуација во Газа и кон крајот на мај делумно ја ублажи целосната блокада наметната на палестинската енклава на почетокот на март, што доведе до недостиг на храна и лекови

Според палестинските здравствени службеници, израелските сили убиле речиси 60.000 Палестинци во Газа како одговор на нападите на милитантите на Хамас врз Израел во октомври 2023 година, во кои загинаа 1.200 луѓе и беа земени најмалку 250 заложници, по што Израел почна воена акција во Газа. Организациите за човекови права, како што е „Амнести интернешнл“, тврдат дека постојат докази што укажуваат на „континуирана употреба на гладување при спроведувањето на израелскиот геноцид врз Палестинците“.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Страотна снимка од пожарот во Езерани: Огнот е близу првите куќи во селото Долно Перово

Следно

Фестивал што ги обединува културите во регионот утре во Пустец

Latest from Blog

Џин Симонс од групата „ KISS“: Музичарите во Америка се третираат полошо од робови (ВИДЕО)

Симонс сведочеше пред Подкомитетот за правосудство на Сенатот на САД во вторник (9 декември), силно поддржувајќи го Законот за музичка фер игра. Предлог-законот ќе бара од радиостаниците да лиценцираат песни на уметниците

НАТО се согласи за буџет од речиси три милијарди евра за 2026 година

Сојузниците на НАТО се согласија за нивните заеднички финансирани буџети за 2026 година, одобрувајќи зголемени трошоци насочени кон зајакнување на подготвеноста и воените капацитети на алијансата. Според договорот, цивилниот буџет на НАТО

Кошта по Самитот ЕУ-Западен Балкан: Европската Унија мора да ги исполни очекувањата што ги создава

Денешниот лидерски собир донесе јасна порака дека лидерите на ЕУ цврсто ја поддржуваат иднината на Западниот Балкан во Европската Унија, се наведува во писмената изјава на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта
Go toTop